Поставен е 60 метарскиот цевковод, денеска се очекува нормализирање на водоснабдувањето во Тетово

Вработените во тетовскиот водовод завршија со поставувањето на новиот цевковод од 60 метри во мрежата на новиот водоснабдителен систем со што се очекува од денесka да почне нормализирање на снабдувањето со вода во Тетово.

Денеска е деветтиот ден како во градот има недостиг на вода и рестрикции откако на 23 февруари беше утврдено уништување на 60 метри од цевкодовот од новиот водоснабдителен систем поради ерозија на земјиште во планинската месност Лешница.

-По поставувањето на цевководот во должина од 60м и големина од фи-500 пуштени се првите 50 литри како доток на вода од новиот водоснабдителен систем. Во наредните 20 часа постепено ќе се пуштаат и дополнителни количини вода со цел да не се преоптовари системот. Како што ќе пристигаат и зголемуваат количините вода во резервоарите и во мрежата ќе имаме основа и за намалување на рестрикциите. Очекуваме денес да биде укината рестрикцијата од 15 до 18 часот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“.

Градот поради дефектот се соочи со 150 литри помалку преку новиот водоснабдителен систем кој обезбедува водоснабдување од планинските реки.

-Овој водоснабдителен систем има и пречистителна станица, водата поминува преку соодветни филтри и безбедна и чиста стигнува до корисниците, објаснува Шаќири.

Поради проблемот во системот беа воведени рестрикции во водоснабдувањето од полноќ до пет часот, потоа од 08:30 до 11 часот и од 15 до 18 часот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *