НОВИ 14 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ФФМ

Извршниот комитет на УЕФА ги зголеми средствата наменети за развој на фудбалот за 30%, па така наместо досегашните 600 милиони, членките (федерациите) ќе имаат за делење 775 милиони евра.

Тоа значи дека од 2020 до 2024 година, ФФФМ ќе има на располагање 14 милиони евра, кои може да ги земе по пат на издржани проекти, и ако паметно ги потроши, сите стадиони во земјава би можеле да добијат ново руво и конечно лигата да ни заличи на нешто. Имено, ако секоја година ФФМ има на располагање по 3 милиони евра, тоа е сосема доволно (според цените кои ги прикажа АМС за изградба на фудбалските терени во Македонија), да се направат 15 такви стадиони.

ФФМ се пофали дека инфраструктурно фудбалот напредувал, дека се направени многу објекти, терени, стадиони и сл. Тоа го кажа дури и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин при последната посета во Скопје, иако ниту ФФМ, ниту тој не виделе во што се состои подобрувањето.

Па дури и ние 4 стадиони во Битола, Тетово, Велес и Штип, од претходната хет-трик програма останаа недоправени или поточно само на хартија.

Ама битно е дека имаме “капитални објекти”.