Тетовската касарна одбележа 77 години од смртта на патронот-народниот херој Кузман Јосифовски Питу

Со полагање цвеќе пред бистата на народниот херој денеска беше одбележан патронатот на касарната „Народен херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово. Како што соопштуваат од тетовската касарна, настанот бил организиран во согласност со протоколите и со почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.

-Пред полагањето на цвеќе, беше интонирана химната на Република Северна Македонија и химната на Армијата, а со едноминутно молчење им се оддаде почит на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу и останатите загинати и починати борци за слободата на Македонија и на загинатите припадници на Армијата. Пред присутните беше прочитан Реферат за ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, наведуваат од касарната.

 На одбележувањето присуствуваше командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Бесник Емини, претставници на Армијата и претставници на Сојузот на борци од Тетово и Гостивар,  информираше командантот на касарната, потполковник Изеир Ејупи.

По повод патронатот на касарната „НХ Кузман Јосифовски-Питу“ беше реализирана крводарителна акција од страна на вработените.

Кузман Јосифовски-Питу е роден на 15 јуни 1915 година, а загинал на 25 февруари 1944 година во Скопје.  На 2 август 1945 посмртно е прогласен за народен херој.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *