ПОРАДИ СНЕГ ОДЛОЖЕНО 22.КОЛО

Наместо што отвораше некакви “капитални” објекти, Фудбалската Федерација на Македонија требаче да поведе сметка за прволигашките терени и за стадионите на кои се игра првенството. Ајде што се никакви и во нормална ситуација, туку падна снег и терените се претворија во базени. Можеби средствата требаче да се вложат во санирање и модернизирање на терените, па во тој случај ни дожд ни снег немаче да биде проблем за играње. Нека го видат примерот со Русија и Англија.

Поради тоа Комесарот за натпревари, Васко Дојчиновски реши да го одложи целото 22. коло, со што се направи вистинска “каша-попара” во првенството, кое дефинитвно стана нелегално. Па така Силекс сега има два натпревари помалку од останатите екипи, иако правилата велат дека секој одложен натпревар треба да се одигра 24 часа по неговото одлагање, односно, ако и тогаш не може да се игра, домаќинот треба да најде алтернативен терен. Но од тоа ништо, важно е дека имаме “капитален интернат”.

Одложеното коло ќе се игра на 4. март, а закажани се и одложените натпревари на Силекс. Против Скопје, кратовци ќе играат на 7. март, тоа е натпревар од 19. коло, а против Пелистер на 4. април, тоа е натпревар од 21. коло.

Да биде мешаницата уште поголема се погрижи и селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, по чие барање 24. коло ќе се игра на 17. март, а 25. коло во четврток на 29. март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *