Премиерот Заев на инвестициски самит за Западен Балкан во Лондон

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација денеска во Лондон ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции.

На инвестицискиот Самит, кој е во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ќе учествуваат шефовита на владите на сите шест земји од регионот, кои ќе имаат можност да ги презентираат потенцијалите за инвестирање пред 200 претставници на компании кои покажаа интерес да ги прошират своите бизниси во регионот.

Оваа година, акцентот на самитот е ставен во промовирањето на проекти во областа на транспортот и енергијата како клучни регионални тесни грла. Според ЕБОР, планот е да се дискутира за начините за продолжување на агендата за „меки конекции”. Клучен елемент од ова е создавање единствен инвестициски простор кој вклучува хармонизација на законодавството, отстранување на нетарифни бариери, подобрување на длабочините и хоризонталните врски на пазарите на капитал, зајакнување на деловното опкружување во регионот и олеснување на странските инвестиции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *