Дел од „Библискиот речник“

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од зборот Сабота – ден за одмор, на еврејски шабат, до името Сафир – скапоцен камен со сина боја

Сабота – ден за одмор (2 Мој 20,8-11), на еврејски шабат значи одмор. Празнувањето почнува  од заоѓањето на сонцето во петок, па се до појавите на првите ѕвезди во сабота вечер, Востановена е во спомен на излегувањето од Египет (5 Мој 5,12-15) и се поврзува со Божјиот одмор после создавањето на светот. Постоеле многу прописи за саботата, некои од нив биле доведени до апсурд, а Христос многу од нив укинал (Мк 2,23-27; Лк 13,10-17). Саботата е заради човекот, а не обратно (Мк 2,17). Првата христијанска заедница со другите еврејски прописи го усвоила и празнувањето на саботата (Мт 24,20). Во покасните векови, ослободувајќи се од еврејските прописи, Црквата почнала да ја празнува неделата, како спомен на Воскреснувањето на Господ Исус Христос, како Ден Господен (Откр 1,10).

Саботен ден на одење – 1 км, колку што Евреите смееле да изодуваат во сабота (Дап 1,12). 

Саботна година – секоја седма година, кога престанува секаква земјоделска активност. Не се собирале ни плодовите (2 Мој 23,10-11). Законските пролиси во 5 Мој 15,1 наложувале на крајот на секоја седма година да се простат долговите. Во таа година можело да служи за храна само она што израснало во полето.

Сава (Шеба) – царството на Савеанците, кои живееле во југозападна Арабија или, пак, во Етиопија. Биле трговци со робови и храна, и биле многу крупни. Нивни предок според преданието бил Ноевиот внук Куш. Еден од попознатите владетели со ова царство била савската царица, која го посетила царот Соломон, патувајќи стотици километри, за да стаса до него (2 Лт 9,1-12; Мт 12,420. Царството тргувало и со злато, темјан.зачkи и, скапоцени камења итн. {Ез 27,22).

Саваот (Севаот, Цеваот) – Господ над Војските, односно Господ на Небесните сипи, одн. војски; едно од Божјите имиња, често пати спомнувано во СЗ. Ја изразувало неограничената власт Божја и сувереност над се’ создадено, на земјата ина небото. Го опкружуваат и Му служат ангели и сите небесни војски {Ис 1,9).

Савле – в. Павле.

Садок – праведен, свештеник во времето на царевите Давид и Соломон и еден од чуварите на Ковчегот на Заветот во Ерусалим, за време на побуната на Авесалом. Кога се бирал наследник на Давид, наспроти свештеникот Авијатар, се определил за Соломон (3 Цар 1,8), па затоа ја добил службата на првосвештеник (3 Цар 2,27-36) и го помазал Соломон за цар (2Цар15,24-29). Според Ез 44,15 само потомците на Садок се признаваат за вистински свештеници

Садукеи – еврејска секта, противници на фарисеите. Во своите редови ги имале најбогатите и најугледните луѓе. Самото име ,,садукеј”, можно е да потекнува од првосвештеникот Садок, според кој се нарекувало водечкото свештеничко племе од кое се бирал првосвештеник. Го признавале пишаниот закон (Мојсеевото петтокнижие), а не неговото современо толкување преку усното предание.Не го прифаќале воскреснувањето на мртвите, животот после смртта и постоењето на ангелите. Имале помало влијание врз народот од фарисеите, но биле надмоќни во Синедрионот, и заедно со фарисеите ја изгласале смртната пресуда за Исус (Кајафа бил садукеј, Јв11,47-53). Во Дап 23,6 се зборува дека апостолот Павле го искористил конфликтот меѓу фарисеите и садукеите. Имале истакната улога во 1 в.пр.И.Х. и во 1 в. По падот на Ерусалим (70 г.) се губат од историската сцена. На подоцнежното еврејство свој печат му дале фарисеите (Мт 16,1-12; Мк 12,18-27; Дал4,1-2;5, 17-19;23,6-10).

Саламина – значаен римски град на југоисточниот брег на Кипар, каде апостолите Павле и Варнава проповедале во синагогата на првото мисионерско патување (Дап 13,4-5).

Салим – шр; град во кој владеел свештеникот Мелхиседек, кој му донел подароци на Аврам и го благословил (1 Мој 14,17-20). Салим е можеби старото има за Ерусалим.

Салманасар III – голем асирски цар, владеел околу 859-824 г.пр.И.Х., освоил многу хетитски градови, но не успеал да ги надвладее здружените војски на Дамаск и Израел, во 854 г.пр.И.Х., во битката кај Каркар (на Оронт кај Хамат). Израелската војска ја предводел царот Ахав. Но израелскиот цар Јуј го принудил да му плаќа данок во сребро и злато (3 Цар22,1-40;2Лт18).

Салманасар V – асирски владетел (727-722 г.пр.И.Х.), дошол на власт после Теглат-Феласар III. Ги покорил феникиските градови и прималданок од Осија, последниот израелски цар (4 Цар 17,3). Кога Осија склучил сојуз со Египет и одбил да го плаќа данокот и понатаму, Салманасар го затворил и го опсадил градот Самарија, главниот град на Северното царство. За време на опсадата Салманасар V умрел, а неговиот наследник Саргон 11 ги одвел Евреите во ропство во Асиријаво721 г.пр.И.Х.

Салома – поќерка на Ирод Антипа и ќерка на Иродијада. Откако го задоволила толку многу со својата игра, тој и ветил дека ќе ѝ даде се што ќе побара. На наговор на својата мајка ја побарала главата на Јован Крстител (Мк 6,17-28). Царот морал да го исполни ветеувањето.

 

1evr2Римскиот град Саламина

Саломија – жената што заедно со Мармја Магдалена и мајката на Јаков и Јосија присуствувала на распнувањето на Исус Христос. Подоцна го посетила Неговиот гроб, за да го помаза телото според обичаите (Мк 15,40). Можеби била жена на рибарот Зеведеј и мајка на Јаков и Јован, учениците Христови.

Самарија – стражарско место, кула, град изграден околу 870 г.пр.И.Х. Царот Амри го подигнал како престолнина на Израел (Северното царство). Го освоиле Асирците во 721 г.пр.И.Х. и го населиле припадници на нееврејски народи. Градот го обновил Ирод Велики и му го променил името во „Севаста” („Августа”, во чест на царот Август). Евреите од Јудејското царство (јужното), ги презирале жителите на Самарија, зашто биле мешани со други народи. Од НЗ се гледа дека Евреите и Самарјаните биле непријатели. Самарија го зафаќала централниот дел на Палестина, па Евреите кога патувале од Галилеја во Јудеја, избегнувале да минат низ неа. Во приказната за милостивиот Самарјанин Христос поучувал дека е грев да се мразат припадниците на другите народи (Лк 10,25-37).

Самос – карпест остров во Средоземно Море. на милја оддалеченост од Мала Азија. Во 7 в. пр. И.Х. бил значаен трговски центар. Апостолот Павле пловел од Милит за Самос на враќање од второто мисионерско патување, и таму отседнал еден ден (Дап 20,15).

Самотрак – мал остров меѓу Мала Азија и Македонија. Апостолот Павле го посетил во текот на своето патување во Филипи, во рамките на второто мисионерско патување (Дап 16,11). Таму е пронајдена познатата античка статуа Крилестата Победа (Ника од Самотрак), исклесана околу 200г.пр.И.Х.

Самсон – сонце, библиски херој со извонредна сила. Бил од Дановото племе и се борел против Филистејците, се додека неговата жена Далида, која била Филистејка, со измама не дознала од него дека неговата сила се должи на неговата коса. Додека спиел, му ја отсекла косата и Филистејците го заробиле (Суд 13-16). Бил назореј, косата не ја сечел од дете, во знак на посветеност на Господ и е последен судија за кој се зборува во Книгата за судиите.

Самуил – Неговото име е Ел, последен од големите судии и прв пророк после Мојсеј. Го поучувал свештеникот Елиј во Сило. Кога Филистејците го заробиле Ковчегот на Заветот, Елиј преминал од тага, а Самуил ги поттикнувал Израелците на борба против непријателот. Кога видел дека неговите два сина не се достојни да ја преземат неговата служба, го помазал Саул од Венијаминовото племе за прв цар на Израел. Но подоцна го отфрлил и него, зашто овој не го послушал неговиот совет во врска со Амалиќаните, па тајно го помазал Давид за нов цар(1 Цар 1-28).

 

Сара – моја госпоѓа, жената на Аврам. Била со него во текот на сите негови патувања од Ур до Харан и Ханан. Во длабока старост го родила Исак и станала прамајка на избраниот Божји народ. И била љубоморна на својата слугинка Агара, заради синот што го родила со Аврам, па ја избркала во пустината, заедно со синот Исмаил. Сара умрела во Хеврон и е погребана во пештерата Макпела (1 Мој 23, 19). Преку својата вера таа е мајка на новиот Божји народ (Рим 9,9). Во Посланието до Евреите, Сара се набројува меѓу древните сведоци на верата (Евр 11,11).

1evr3

Градот Сарепта

Сарад – скапоцен камен, веројатно се работи за рубин, стоел на таблицата што еврејскиот првосвештеник ја носел на градите (Ез 28,13).

Саргон I – првиот значаен семитски владетел, кој живеел околу 2400 г.пр.И.Х. Основал ново царство во кое биле опфатени Сумер и Акад.

Саргон II – асирски цар, владеел околу 772-705 г.пр.И.Х. Бил наследник на Салманасар, и татко на Сенахерим (Сенахериб). Го довршил освојувањето на Самарија, што го започнал татко му Салманасар В, после тригодишната опсада. Подоцна, тој го поразил Северното Израелско царство и населил Вавилонци и Сиријци во напуштените еврејски домови. Ја освоил и хетитската престолнина, му наметнал пораз на Египет, а примал данок и од Јужното Јудино царство (Ис20,1). Под неговата власт Асирија била на врвот на својата моќ. Неговото име не се спомнува во СП.

Сарепта – град во Феникија, подигнат на ридовите на Средоземното Море, меѓу Тир и Сидон, но поблизу до Сидон, Затоа го викале Сарепта Сидонска. Таму во куќата на сиромашната вдовица боравел пророкот Илија, во времето на големата суша. Се спомнува и во НЗ (3 Цар 17,9; Лк 4,26).

Саронска долина – најплодниот дел на крајбрежниот дел од Палестина. Цвеќето оттаму се спомнува во Песната над песните. Низ неа минувале караваните за целиот Блиски Исток. Важни градови биле Јопа, Лида и Кесарија (Пп2,1;Ис 35,1-2).

Сатана – нелријател, ова име му се дава во СП на носителот на злата сила, која Му се спротивставува на Бога, но е поразена од Него. Во НЗ се нарекува и ѓавол, демон, зли духови итн. (Лк 10,17-20).

Саул – измолен, син на Кис, од Венијаминовото племе и првиот израелски цар (1 Цар 9-14). Самуил го помазал за цар, а престолнината му била во Гаваја. Ги поразил Филистејците во битките кај Гивеја и Михмас. Имал многу незгоден карактер и постојано се карал со своите соработници, дури и со Самуил. Давид му бил зет, но го протерал од царството, плашејќи се за својата круна. Војската на Саул била поразена на Гелвујската Гора, кога и тој самиот заедно со синовите го изгубил животот. Главата му била носена по филистејските села, а трупот бил прицврстен на ѕидините на Ветсан (1 Цар 31; 2 Цар 1). Го наследил Давид.

Сафир – скапоцен камен со сина боја (2Мој24,10).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН