ПУБЛИЦИСТИКАТА НА СЛАВЕ КАТИН- ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ
Ова обемно дело е плод на повеќегодишни истражувања, патувања и континуирано следење на оваа доста суптилна, многузначна и актуелна повеќедецениска и интерконтинентална тема. Делото е еден вид алманах посветен на дел Македонци, чии корени се од сите делови на македонската земја, а кои го обележале своето време во христијанството како религија на Македонците во Австралија, Канада, САД, Европа, етничка Македонија и во печалбарска Преспа.
.
По повеќегодишна работа излезе од печат монографијата „Македонски иселенички меридијани“ „Македонска искра“, Скопје и „Матица македонска“, Скопје 2017, 1-592, (на македонски), а е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Таа е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на околу 150 личности од македонско потекло, кои свиле нови гнегда на различни страни на светот.
Инаку, изборот на личностите кои се претставени зависел од нив, од нивните критериуми, пробови, дела и постигнувања. Со оглед на средината за која и се наменети и на очекуваното влијание врз свеста на луѓето во таа средина направив самостоен избор. Второ, тоа што посебно треба да се нагласи за ова дело е фактот дека во него се застапени имињата на дел од голем број живи личности, активни творци, најголем дел од нив родени во Македонија или, пак, дошле да живеат во неа и го посветиле својот труд, талент и љубов, како и личности кои денес не се меѓу живите.
Со прелистување на страниците на ова дело читателот, макар површно ќе се запознае со нив и нивните дела, со придонесот што го имаат во македонското иселеништво, а особено нивниот придонес што го имаат за Македонската православна црква, Охридската архиепископија, како и на други аспекти врзани со македонскиот народ и на етничка Македонија.
Отсекогаш на енциклопедиските изданија во светот, или поточно речено, во развиениот свет со долги културни традиции, им се посветувало должно внимание. Нивното значење било и е повеќекратно, бидејќи тоа, меѓу другото се изданија кои на читателот му даваат кратка употреблива информација по обемот и разнородноста на информациите што ги содржат, ја развиваат свеста на еден народ за него и влијаат за консолидација на постигнувањата и развојот.
Република Македонија и македонскиот народ за својот државен и територијален интегритет и за својата државна и национална самобитност, имаат потреба од оставнините, од вредностите, од тој трезор на незаборавот на времето, да се извлечат и да се афирмираат, или да се потсетиме на голем број патините на времето и од опасноста на заборавот да се извлечат голем број знајни и незнајни личности од дијаспората, кои со својот живот, работа и дело, оставиле белег во нејзината историја, во историјата на трудољубивиот и надарен македонски народ и етничка Македонија.
Во книгата се објавени имињата на над 150 познати и признати иселеници, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на Македонската православна црква од нејзиното конституирање до денес, како и дваесеттина текстови за иселеништвото и МПЦ-ОА.
Застапени се академици, научници, писатели, новинари, пиблицисти, донатори, хуманисти, патриоти, носталгичари и вљубеници во Македонија. Нивниот број би можел да биде многу поголем. Тоа во случајот не е толку битно, туку битно е што овој импозантен број имиња, значајни за нашата национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, го прикажува македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.
Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажува дека тие себеси се вградија во темелите во историјата на македонското иселеништво и на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид друштва и асицијации.
На 16-ти мај 2017 година, се одржа промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин, коe е издание на издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје. Делото, за кое се рецензенти поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан и проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ, беше претставено пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, во катедралната Македонската православна црква “Свети Климент Охридски”, а во рамките на активностите на Канадско-македонското историско друштво и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада.
За делото зборуваа Драгица Димовска, уредник и водител на Македонското радио час „Обединета Македонија“ и Тодор (Тони) Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво, а присутните ги поздрави генералниот конзул на Република Македонија во Канада, д-р Јовица Палашевски.
Во своите излагања Драгица Димовска и Тони Марковски , меѓу другото, рекоја дека книгата „Македонски иселенички меридијани“ од познатиот автор на бројни дела за иселеништвото, Славе Катин, е дел од судбините и вистините на Македонци во светот. Неговото дело е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на 150 личности од македонско потекло.
Во книгата на 600 страници се објавени имиња на познати и признати личности, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на македонските православни цркви од нивното конституирање од дамнина до денес. Овој импозантен број имиња е значаен за македонската национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, со што се прикажува вистината за македонското иселеништвото во минатото и сегашноста.
Бројноста на имињата на луѓето објавени на страниците на ова дело покажува дека тие себеси се вградиле во темелите на историјата на македонското иселеништво и на нивните црковно-духовни и национални центри, како што се црковните општини, манастири, фолклорни, литературни, научни и друг вид друштва и асицијации.
Сите тие го посветиле својот труд, талент и љубов на дедовската земја и дале значаен прилог и придонес за афирмација на вистината за Македонија, за бројни македонски друштва, клубови и друг вид асоцијации во новата средина во дијаспората.
Исто така, на 14-ти јуни 2017 година, во 12.00 часоќе, во „Матица македонска – Салон ексклузив“ во Скопје се одржа промоција на делото „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин, коe е издание на издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје. За делото зборуваа проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ, од Скопје. Македонија и Кире Циревски од Сиднеј Австралија.
Публикацијата „Macedonians in the World“ (Македонците во светот), „Македонска искра“ и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“, Скопје, 2018, 1-432, (на англиски јазик)., чиј рецензенти се покојниот академик Антонио Шкокљев-Дончо од Белград и бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски од САД е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски’ од Прилеп. Таа е отпечатена на англиски јазик, на 432 страници, во која е запишано дека Македонија има долга и макотрпна историја проткаена со бескрајни страници, но и со премрежија и турбуленции кои оставиле длабоки траги кај населението што со векови живее на овие простори и кај Македонците од етничка Македонија ширум светот.
На 10 ноември 2019 години во салата на МПЦ „Света Богородица“ во Кембриџ, Онтарио се одржа промоција на публикациите „Александар III Македонски“, дело на Славе Катин и Георги Бранов и „Macedonians in the World“ (Македонците во светот, чиј автор е Славе Катин. Свеченоста ја отвори свештеникот на ППЦ „Света Богородица“, Гоце Деспотовски,
За делото „Macedonians in the World“ (Македонците во светот), зборуваше претседателот на МПЦ „Света Богородица“ Петар Медичков. Тој. меѓу другото истакна дека во ова дело е даден развојниот пат на македонското иселеништво, кое во основа се совпаѓа со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се движеле настаните околу Македонија.
Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред се’, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за преселби во многу земји во светот
Во оваа публикација осебно е дадена улогата на македонските православни цркви и црковни општини, клубски и други асоцијативни облици на собирање во прекуморските и во европските земји. Најголемиот број Македонци членуваа или се редовни посетители на тие многубројни асоцијации, каде тие организираат верски, национални, фолклорни, спортски, културни и други манифестации, истакна Петар Медичков.
Исто така, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје излезе од печат публикацијата „Преспанска разгледница“, „Македонска искра“ Скопје, 2020, 1-424, (на македонски) на Славе Катин, чиј рецензенти се: примариус д-р Методија Томевски и публицистот Свето Стефановски. Таа е отпечатена на 420 страници и содржи педесеттина репортажи од доживувањата, активнотите, историските податоци, посетите, бројните културно историски настани и други текстови кои се однесуваат на родната Преспа на авторот
Во делото „Преспанска разгледница“ Славе Катин пишува за Преспа како значаен дел на Македонија, за Македонците од поделена Македонија, особено за минатото и сегашноста на етничка Преспа. Затоа тој вели дека да се пишува за Преспа е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Во ова време на светска глобализација прекрасно е чувството кога ќе се најде на едно место дел од една историска вистина за настаните, личностите, за минатото, сегашноста и иднината на еден убав македонски крај од незаборавот кој се вика Преспа.
Затоа, авторот на ова дело Славе Катин како публицист и новинар кој го прокрстарил светот и оставил траги за Македонците во дијаспората, со големо задоволство се зафати да пишува и да даде придонес за Преспа, да пишува за неговата родна Преспа која ја носи во срцето и е чест посетител на тој убав македонски крај. Таа е 60. дело на Славе Катин почнувајќи од неговото прво издание „Англиско-македонски лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година, па до денес.
Во делото „Преспанска разгледница“ Славе Катин пишува дека она што на Преспа и на нејзината историја ѝ дава посебен белег е нејзиното богатство со културно-историските споменици, уште од времето кога била староримска крстосница и прва престолнина на цар Самoил, а денес е значајна туристичка дестинација за Република Македонија..