Дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада

Во ова продолжение за читателите  ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на црковните управи.

Со Филип Ангелковски е поврзана активноста во црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто заедно со авторот на овие текстови Славе Катин. Име, во 1968 година кога Филип Ангелковски беше претседател, Катин беше генерален секретар на Црквата и заедно со него и Управата се трудевме за подобра и посветла иднина на овој значаен македонски храм и на македонскиот народ од сите делови на Македонија.

ФИЛИП АНГЕЛКОВСКИ

СИМЕ ГАЏОВСКИ

ТЕЛИ МОРИОВЧЕ

КРИС ДИМОВ

АЛЕКСАНДАР ГЕОРГИЕВСКИ

Познатиот музички деец, Филип Ангелковски ја имаше трагичната судбина како и 28.000 деца. Беше прогонет тој од своето родно беломорско Д’мбени и во 1948-та годинаод Костурско судбината го однесе во Романија. По извесно време се враќа во Битола, а оттаму заминува на студии во Белград, каде што и ја завршува Музичката академија во време, во кое ги посетува Англија, Италија, Австрија, Швајцарија, Мексико, Колумбија и др.

Во 1965 година тој се иселува од Битола во Торонто каде и сега живее. По доаѓањето во новата средина веднаш се вклучува во општествениот живот на демократска Канада, земја каде што како интелектуалец и способен музички педагог, Министерството за образование го назначува за професор по музика во едно од училиштата во општината Ист Јорк. Во текот на работата формирал школски оркестри. со кои многу успешно учествувал на повеќе фестивали и на кои освоил дури 25 награди.

Исто така, со доаѓањето во Торонто, Ангелковски директно се ангажира во црковниот живот на Македонците и во 1969 година во просториите на духовниот храм собра група момчиња и девојчиња од македонско потекло и гледајќи ја големата желба кај нив и истакнувајќи ја потребата од постоењето на фолклорен ансамбл, заедно со Алек Петличков, станаа втемелувачи на една од најмасовните и најпознатите играорни групи во иселеништвото, на групата “Македонка”. Уште во стартот е назначен за уметнички раководител и член на оркестарот Неговиот придонес за растот на “Македонка” е огромен и непроценлив.

Во времето на своето потпретседателствување (1977-78 година), Филип Ангелковски беше главен и одговорен уредник на Црковниот билтен, додека во 1990 година станува еден од водителите на ТВ програмата “Македонски мозаик”. И денес тој е успешен водител на ТВ програмата “Македонски корени”, чиј продуцентот е Бил Јанков.

Во 1992 година професор Филип Ангелковски е назначен за музички директор и за диригент на црковниот хор, при што несебично, како и секогаш досега го дава својот голем придонес за доброто на црквата “Св. Климент Охридски” и за афирмација на Македонија и на македонскиот народ во Канада и пошироко.

Во трите децении силен подем и растеж на Светиклиментовиот духовен храм среде Торонто, секако свое значајно место зазема иимето на преспанецот Симе Гаџовски. Тој спаѓа меѓу оние знаменити имиња што застанаа на чело на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” и кои заедно со своите собраќа, со многубројните активисти направија значајни дела и покренаа повеќе акции.

Одѕивот на тие многубројни активности среде нашата македонска заедница беше голем, a заслужува внимание и тоа што за нашиот свет храм се слушаше се повеќе и се подалеку, што навистина претставуваше гордост за секој честит и за секој патриот македонски.

Co секоја приредба, со секој банкет, пригодни вечери, настапи и дружења, со секоја нова активност што ги полнеше дверите на светиклиментовата црква, при што е голема заслугата на Гаџовски се повеќе   македонски   чеда   си   доаѓаа кон мајката црква, кон македонските простори.

Горди што можеа да ги негуваат и да ги афирмираат богатите старокрајски обичаи, традиции, да ја шират македонската вистина, да покажат и докажат во далечната земја дека името македонско е од дамнина идека да си Македонец е гордост немерлива и возвишена.

Симе Гаџовски, токму тука настојуваше со тимот управен, црковен да направи колку што може повеќе и повеќе. За време на мандатот покрена неколку значајни акции кои беа дел од тоа пребогато салдо на остварени резултати. Се работеше на финансиските средувања, се работеше на збогатувањето на “Кареанот на нациите”, на омасовувањето на работата на секциите и друштвата.

Се настојуваше Цркоената врата да им се отвори на сите добронамерници кои ќе придонесуваат за доброто на големата доселеничка македонска колонија во Торонто и пошироко и во сето тоа Гаџевски, навистина се внесе себе си остави големи траги.

Тели Мориовче потекнува од егејскиот дел на Македонија. Роден е во големото македонско село Арменоро, недалеку од Лерин и со својата сопруга Лена Петрова, исто така од Беломорска Македонија, имаат три ќерки и еден син. Скоро цело време Тели се занимавал со угостителска дејност.

Уште во времето на својата преселба во Канада. во 1958 година, Тели Мориовче со срце и душа се вклучува во активностите на македонската заедница во Торонто. Од самиот почеток на основањето на Организацијата “Обединети Македонци” во 1959 година, станува еден од најактивните членови и во три мандати е нејзин претседател и тоа: 1969-70, во 1976-77 и во 1993-94 година,   што   е,   секако, резултат на неговата голема активност.

Љубовта кон родната Македонија и кон македонскиот народ, Тели ја изразува со активното вклучување во организирањето и во изградбата на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” и тоа од првите месеци и години Повеќепати е член на Црковната управа, a во 1973-74 година станува претседател на овој најголем духовен и национален храм, неодминливо и значајно место на македонските браќа и сестри во Онтарио.

Исто така, во своето повеќегодишно членување Тели Мориовче имал и други должности на црковната управа, Така, меѓу другото, бил потпретседател, секретар, заменик благајник, a е еден од првите организатори на Американско-канадско-македонска епархија и еден од поактивните учесници на црковно-народните собори на Македонската православна црква што се одржани во Охрид Неговиот придонес во „Свети Климент Охридски” е многу значаен и бележит.

Меѓу големиот број актиаисти во Торонто кои по потекло се од Беломорска Македонија е и Крис Димов, роден на 31 октом-ври 1932 година во големото македонско село Неволјани што е сместено во непосредна близина на Лерин. Во родното место учи основно образование, а потоа својата наобразба ја продолжува во Канада, каде пристигнува во 1948 година во реката Македонци кои засекогаш ги напуштаат родните огништа.

Тој е син  на  македонски православни родители Стојче и Вангелија Димови од селото Неволјани. Оженет е со Френцис (Фанија) родена Келешова со која имаат еден син и три ќерки. Синот Том е познат политичар во македонската колонија и во канадското општество, а од ќерките Лена, Вангелија и Кристина имаат три внучиња, кои им го исполнуваат животот.

Крис Димов потекнува од печалбарско семејство, чија традиција ја продолжува и самиот. Во Канада работи во повеќе места. Но најголем дел од бизнисот, векот го помина во ресторанска работа и продажба на прехранбени производи на големо. И покрај обврските во работата од самиот почеток на изградбата на црквата “Св. Климент Охридски” заедно со Френцис е мошне активен.

Повеќе пати бил во црковната управа, а во мандатниот период 1975176 беше првиот човек (претседател) на Црковната управа Исто така, уште од самиот почеток Крис Димов е активен член и повеќепати бил во управата на организацијата “Обединети Македонци”.

Тој навистина се вклучи од срце во македонската заедница во Торонто и правеше се’ за афирмација на нејзиното име, историјата и на нејзината култура и македонските традиции. 

Меѓу нашите луѓе чии имиња се, речиси, најтесно врзани со Црковната општина во сиве овие нејзини изминати децении, секако е и д-р Александар Георгиевски. Од потпелистерието македонско, во 1958 година се преселува во Канада, кај родителите, кои беа меѓу првите иселеници од Битолско.

Роден е во Крстоар, Битолско. Гимназија завршува во Битола, а Медицински факултет во Загреб. По преселувањето, специјализира медицина и цело време работи како хирург. Меѓутоа, тој е мошне активно вклучен во црковната дејност на “Св. Климент Охридски”, за што зборуваат и неговите бројни должности.

Д-р Георгиевски бил првпат претседател на “Свети Климент Охридски” во 1966 година, а беше претседател и во периодот 1977-78 година Исто така, беше биран за втор потпретседател на управата во 1981 година и во мандатниот период 1985-86, година, а многупати беше, а и во овој мандат е, член на Контролната комисија и на Судот на честа.

Под претседателство на д-р Александар Георгиевски црквата првпат застанува на здрави финансиски темели. Тоа е постигнато со голема деловност, домаќинско работење, како и со средување и контролирање на приходите и на расходите. Како резултат на тоа беа изградени и профункционираа двете долни сали, покриена е терасата и е подготвен план – реконструкција, за што беа обезбедени неопходните финансиски средства.

Д-р Александар Георгиевски ја продолжи својата неуморна работа среде македонската колонија и многу придонесе за зближувањето и за братската љубов во црковното живеење меѓу Македонците во Торонто.

10. ВАСИЛ ПАНДОВСКИ

Меѓу интелектуалците од македонско потекло во Торонто, значајно место зазема Васил Пандовски. Тој е роден на 19 февруари 1950 година во Драчево, Скопско, а неговите корени се протегаат до македонското село Трсје, Леринско. Имено неговиот татко Стојан и мајка му Лена, се родеии во убавото Трсје, а за време на Граѓанската војна во Грција пребегале во слободниот дел на Македонија, каде живееја до периодот по земјотресот во Скопје.

Во 1964 година целото негово семејство се доселува во Канада. Се жени со Радојка Симовска од Радовиш со која имаат три ќерки: Ленче, Наташа и Стефани.

Своето образование го започнува во Драчево, каде завршува седмо одделение, а во Канада завршува гимназија, потоа на Универзитетот Јорк се здобива со факултетска диплома за англиски јазик и литература, за право и за историја. Долги години предаваше во еден институт во Торонто.

Во осумдесетите години покажа активност во црковното живеење кога и беше избран за претседател на црквата “Св, Климент Охридски” за период од 1979/80 година. Време во кое беше исплатена хипотеката (горење на моргичот) и се изгради сломеникот на паднатите борци за слободата на Македонија, што се наоѓа пред црквата “Св. Климент Охридски”.

11. ЏАН ГИВЕНС 

Џан Гивенс (Јанко Јовановски) еден од реката деца бегалци, деца прогонети од татковите родни огништа од егејскиот дел на Македонија, вечно во својата душа го носи чемерот на раселените. На оние што ја имаа тажната судбина да бидат истерани од татковината и потоа да се раселат на многу страни од светот.

Гивенс е роден во 1934 година од татко Михаил и мајка Христина во селото Ошчима Леринско. Како младо момче заминува со своите во Република Бугарија, лреку Љубојно и Битола, ги водат за Будимпешта во Унгарија, а набргу и во Полска. Во оваа земја Јанко учи занает и истовремено е активен спортист. Училиштето го завршува во 1955 година со многу добар успех и се вработува во Вроцлавската радиотелевизија како техничар.

На 27 септември 1955 пристигнува во Торонто, каде што одново е на својот техничарски занает специјализирајќи и едновремено учејќи, навлегувајќи во многу тајни на струката. Две години по доселувањето се оженува со Цена Стојмева со која ги имаат ќерките Кристина и Каролина и синот Михаило. Во меѓувреме одраснатите веќе ќерки и синот се задомија, добија и принови, па така семејството Гивенс се зголемено со зетовци и со внуците Наташа и Рејчел.

Понеколку години од доаѓањето во Канада, Џон се вклучува во македонските национални организации, а од 1963 година е член на МПЦ “Свети Климент Охридски”, каде што е биран во управата, а во 1980 година станува и претседател на овој голем свет македонски храм. Во 1983 година на Црковно-народниот собир во Гери, Индијана станува потпретседател на Американско-канадската македонска епархија. Едновремено беше член и на улравата  на македонската општина “Свети Илија” во Мисисага, во Онтарио.

– Враќајќи се назад триесетина години навистина со гордост можеме да констатираме дека постигнавме како Македонска заедница импресивни резултати насите полиња и само нашата слога и заеднички акции може да не водат напред и само напред. Благодарност и почит должиме кон сите оние што се вградија себе си во Македонската православна црква “Свети Климент Охридски”, вели Гивенс.

12. НИКОЛА КАРАНФИЛОВСКИ

Меѓу бројните претседатели на црквата “Св. Кл имент Охридски” се наоѓа и името на Никола Каранфиловски. Овој корпулентен битолчанец е роден на 2 ноември 1952 година во градот под Пелистер. Три години гимназија учи во родниот град, а во 1971 година доаѓа во Канада.

Во  1977 година се жени за Менка,  чии корени се од с. Велушина, Битолско, со која има син Петар и ќерка Викторија Подолг  период  во  Канада  работи  за  своЈа  фирма  која  е специјализирана за градежни работи, особено за изградба на куќи.

Во периодот 1983/84 година Никола Каранфиловски беше избран за претседател во црковната управа на “Св. Климент Охридски”. Претходнобил избран во црковната управа кога и покажал значајна активност. Се чини неговата активност е најизразена во Македонската православна црква “Св. Пророк Илија” во Мисисага, каде во период од четири години беше потпретседател, a бил и во црковната управа и една од водечките личности во таа црковна општина.

За времето кога беше во црквата “Св. Климент Охридски” покажа бројни активности, особено во организационите работи во деловното работење. Тој правеше многу за што поголемо пробивање на македонските обичаи и традиции на македонското духовно и културно богатство воТоронто и во провинцијата Онтарио.

Името и резултатите што се постигнуваат во македонската преселничка коалонија се доста вредни и познати и значајни во овој дел од светот каде што ги има во толку голем број Македонците преселни од родната земја. 


Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *