ОД ТЕРМИНОТ ПРВОСВЕШТЕНИК – ДУХОВЕН ВОДАЧ – ДО ПСАЛМИ –

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од терминот Првосвештеник – врховниот свештеник во еврејското свештенство, духовен водач и Божји претставник пред народот, до терминот Псалми – збирката од религиозни песни кои се пееле како химни при богослужењето и верското воспитување 

Првосвештеник – врховниот свештеник во еврејското свештенство, духовен водач и Божји претставник пред народот. Службата му припаѓала на законскиот поглавар на Ароновиот дом, а ја иаследувал веројатно најстариот син, ако немало законски или, пак, здравствени пречки (3 Мој 21,16-23). Подоцна се бирал испоред политичкиот момент (3 Цар 2,26-27. 35). Должност му била да ја надгледува Светињата над светињите, ризницата; да ја извршува специјалната служба на Денот на очистувањето, кога влегувал во Светињата и се советувал со Бога преку Уримот и Тумимот. Подоцна председавал со Синедрионот, еврејското управно тело под римската власт (Мт 26,57; Дап 5,21). Во почетокот првосвештеничката служба била доживотна, но подоцна од времето на Ирод Велики и Римјаните, не било повеќе правило (Јв 11,49; 18,13). Првосвештеникот имал специјална облека – одежда, во која спаѓале: наградникот украсен со скапоцени камења, во кој се чувале Уримот и Тумимот, ефод, одежда што се носела под ефодот, украсна одежда и покривало со турбан од платно, на кој подоцна се ставала златна круна со триаголна форма.

Понтиј Пилат – петтиот римски прокуратор во Јудеја, Самарија и Идумеја, кој владеел околу 26-32 г. Седиштето му било во Кесарија, а во Ерусалим одел само во време на големите празници. Колебливо го предал Исус Хри-тос на првосвештениците и старешините, зашто се плашел од толпата народ и на тој начин е одговорен за распнувањето. Направил многу грешки и затоа е отповикан во Рим, каде го затвориле. Не се знае дали му ја отсекле главата, или се самоубил (Лк 23,1-25).

Поркиј Фест – римски намесник во Јудеја, после Антоние Феликс (околу 60 г,). Со царот Агрипа решиле да го пратат апостол Павле на суд кај цезарот (Дап 25-26).

Првородени – првото дете родено во семејството. Ако било машко, Му било посветено на Бога и можело да се откупи само со принесување на жртва (2 Мој 13,13.15). Синот првенец го наследувал управувањето со семејството и добивал два дела од татковото наследство.

Посветување на првенецот – секое машко, првородено, животно или човек се сметало Божја своина. Првородениот син морал да се откупи (2 Мој 13,2.11-16; 4 Мој 18,15-16). Тој обред го извршувал свештеникот. Кога Исус Го донеле заради тоа во храмот, било наговестено кому му припаѓа(Лк 2,22-23).

Првосвештеници – извршен одбор на Синедрионот, кој се состоел од првосвештеници, девет заповедници на храмовната стража (Дап4,1) неколку водечки свештеници и три угледни лаици.

Потркалиште– 185-200 м.

2prvosНоевиот ковчег

Прељуба – незаконски полов однос со некого кој не е брачен другар. Во СЗ прецизно е одредено што спаѓа под прељуба; полов однос меѓу мажена или верена жена и некој маж што не бил нејзин маж. Следствено, прељубата ја вршела жената во однос намажот, а тој никогаш во однос на неа, Се сметала за најтежок престап(2Мој20,14;5Мој5,18;3 Мој 18,20) и двата учесника во неа се казнувале со смрт. Нема записи дека се извршувала таа казна, но постојат индикации дека се извршувала во 1 век. На тој начин веројатно се настојувало детето навистина да биде на законскиот маж, како би можело да се лродолжи семејството. Но во НЗ дефиницијата за прељуба е проширена. Според Христовото учење и мажот е одговорен за прељуба и тоа не само по делата, туку и според помислата (Мт 5,32; Мк 10,11; Лк 16,18). Ја забранувале сите новозаветни писатели (Рим 13,9; Гал 5,19; Јак 2,11}. Во преносно значење била симбол на неверството на народот кон Бога (Ос9 ,1; Мт1 2,39).

Преториј – судница на латински-прекрасниот дворец на Ирод Велики во горниот дел на Ерусалим, опкружен со високи ѕидови и кули. Во него подоцна живеел неговиот син Архелај. Кога настапувале еврејскмте празници, во него повремено се вселувал римскиот намесник од Кесарија Филипова и оттаму им судел на луѓето, опасни за општеството. Во тој дворец Ирод Му судел на Исус Христос (Јв18,28.33; 19,9; Мк 15,160). в. Литостротон.

Посланија – долги писма, претставуваат 21 книга од НЗ, од вкупно 27. За 14 се смета дека се напишани од апостол Лавле, а 7 се соборни. За сите не се знае точно од кого се напишани или кога се напишани,

Премудрост – (Јв 28,12; 1 Кор 1,17-24). Според употребата во СП има опширнозначење. Понекогаш се однесува на Бога и го означува највисокото знаење, а понекогаш се однесува на луѓето и ги означува умот, способноста, мудроста во животот. СП наведува некои личности кои биле надарени со ислкучителна мудрост, пр.Соломон.

Постанок (1 Книга Мојсеева) – првата книга во СЗ, го опишува потеклото на светот, на човекот идава извештај за првите луѓе Адам и Ева и нивните потомци.

Премудрост  Соломонова  – девтероканонска книга, напишана веројатно во последните 50 години пред раѓањето на Исус Христос. Имала големо влијание врз првите христијани.

Потоп – Бог го пратил на земјата како казна за грешните луѓе, а спасил само осум луѓе, сместени во ковчег (арка). Тоа било семејството на Ное, кој бил одбран од Бога заради праведноста. Во ковчегот имало по еден или повеќе парови од сите видови животни и птици. Четириесет дена и ноќи врнел силен дожд, а во арката поминале скоро девет месеци. Потопот започнал во 600 година од животот на Ное, во 17 ден од вториот месец. Водата лиела непрекинато и ги покрила планинските врвови, а се’ што било надвор од ковчегот изгинало. Тој лутал по водата, за да застане на врвот на планината Арарат. После 40 дена, Ное на три пати праќал гулаб за да дознае до каде е водата, и тој на крајот му донел палмова гранка во клунот, што значело дека водата опаднала, а денес е симбол на мирот. И така во 601 г. од Ноевиот живот, во 27 ден од вториот месец, луѓето и животните го напуштиле ковчегот. Ное Му принел благодарствена жртва на Господ. Во знак на завет меѓу Него и земјата, Бог го поставил божилакот (1 Мој 6,8). И во другите народи има легенди за потопот. Во близината на ископините на градот Ур, каде биле градските ѕидини, откриени се дебели наслаги тиња, што сведочат дека во минатото се настапил потоп, од огромни размери.

Принесување – во библиски смисол, принесување на жртва, како надворешен израз на човековиот одговор на Божјата благодет. Тоа бил дар за Бога, со кој дародавателот се очистувал од гревовите и воспоставувал однос со Бога. Дарови се принесувале на разновидни начини, со разновидни намени. Во 3 Мојсеева (левитска) се наведуваат прецизно начините на принесување жртви. Во новозаветно време повеќе не се принесуваат жртви. Жртвениот принос на Христос бил Тој самиот, и после тој принос нема повеќе потреба од други жртви, заштое важечки за сите народи и за сите времиња {Евр 2,27;9-10).

Приказна – парабола, заснована на секојдневието во која се изложува христијанското учење. Исус ги користел за да објасни сложени идеи преку едноставни и разбирливи ситуации, со едноставни зборови.

Прискила – сопругата на Аквила и силна христијанка од 1 век. (Дап 18,8).

Пристав – економ на имотот на богатиот човек, надзорник (Мт 20,8), но во Лк16,1-10 се нарекува управител.

Прозелит – обратеник во јудејство. Можел да биде и нееврејски жител во Израел или туѓинец во својата родна земја. Имало веројатно две групи обратеници: оние кои ги примиле повеќето еврејски закони освен обрезувањето.

Проклетство – 1)херем, т.е. завет со Јахве (3 Мој 27,28; 4 Мој 18,14) кој не може да се прекине. Тоа значи нешто што ќе се заветува, било да се пари, или жртви, се одвојува за Господ, станува недопирливо. Оттука потекнува изразот „харем”; 2) теократска смртна казна што се извршувала врз одделни лица (2 Мој 22,19; 3 Мој 27,29); 3) воени прописи кои налагале после поразот на непријателот да се истреби се живо, односно победничката војска да се откаже од било каков плен (4 Мој 21,1-3; ИН 6; Суд 1,7); 4) привремено исклучување од синагогата (Езд 10,8; Мт 18,17); 5) во поширок смисол анатема (Дап 23,14; Гал1,8).

3prvos

Проповедник

Проповедник (Книга на проповедникот) – книга од СЗ. Му се припишува на Соломон, но можно е авторот да е непознат, а да е пишувана по враќањето од вавилонското ропство, во времетокога Евреите биле под окупација. Претставува збирка од говори, запазувања, поговорки, напишани со песимистички призвук. Писателот вели дека се на земјата е суета, односно празнина, освен стравот од Бога,

Пророк – човек кој зборува на местото на друг, односно на Бога. Тој ја претскажува, а не ја претчувствува иднината (Амос 3,7).

 

Пророштво – проповед за нешто што ќе се случи подоцна, според Божјото вдахновение (Лк 1,67).

Псалми – поделба – се разликува во еврејската и античкатагрчка Библија, а како последица на тоа и во останатите преводи кои се правени според тие две изданија. Во еврејската Библија Пс 9 се дели од 22 стих на два и понат-му продолжува како Пс 10. Така броењето на античко грчките псалми од тој псалм натака е за еден поназад. Понатаму, Пс 113, од 10 стих кај Евреите се дели на 114 и 115 псалм, а 114 е веќе 116, но му се придодава и античко грчкиот 115 псалм, На 146 му се присоединува 147 античко грчки и конечно вкупниот број на псалми во сите изданија е 150. Но некои содржат и еден девтероканонски псалм (151) Книгата на псалмите се нарекува и Псалтир. Првобитно била поделена во пет книги: 1 – 1-41пс; 2 -42-72; 3 – 73-89; 4 – 90-106; 5 -107-150. Таа поделба постоела се’ до изготвувањето на Септуагинтата. Исус Христос ја нагласува важноста на псалмите често цитирајќи некои од нив и објаснувајќи некои од пророштвата што тие ги содржат. Ап. Павле ги поттикнува верните да Го слават Господа преку пеење псалми и духовни песни (Еф5,19; КолЗ,16).

Псалми – книга од СЗ, збирка од религиозни песни кои се пееле како химни при богослужењето и верското воспитување. Пишувани се повеќе векови, од повеќе автори, а се средени околу 17О.г.пр.И.Х. Повеќето псалми ги напишал царот Давид, а авторот на еден псалм е Мојсеј. Во денешните преводи се напишани во поетска форма. Ги има вкупно 150, а во некои изданија 151; в. Псалми – поделба. Дел од псалмите се наречени месијански, зашто содржат пророштва за Месијата. Не можат да се издвојат во посебна група, зашто се среќаваат во сите веќе поделени грули; во благодарствените, пофалните.молитвените и поучните псалми. Има 23 месијански псалми: 2, 8, 15, 19, 21, 31, 41, 46,50,67,68,71,77,88, 96, 101, 108,109, 117, 131, 142. Некои од овие псалми се пророчки, зашто содржат пророштва за идните времиња, а некои се праслики на идните настани, опишани подоцна во НЗ.

Псалтир – жичен инструмент. Се држел пред градите додека се свирело на него, а по изглед бил сличен на античката харфа.

Птици небесни – птиците кои летаат, а не некои посебни птици. Во тој смисол треба да се сфати и изразот риби морски,

Пурим – в. Празник на коцките.

Продолжува

1slave 7Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *