Мицкоски на средба со Кјучук: ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на евроинтеграцискиот процес

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук на која, како што соопшти партијата, потенцирал дека ВМРО-ДПМНЕ останува стратешки посветена на евроинтеграцискиот процес на Македонија со очекување дека секој понатамошен чекор е во насока на отворање пристапни преговори што ќе бидат на принципиелна основа и со почитување на меѓународното право и основачките договори на ЕУ.

На средбата Мицкоски го информирал Ќучук за актуелните внатрешни политички случување во државава.

Како што се наведува во партиското соопштение, тој посебно се осврнал на слабостите кои се идентификувани со распространетата корупција, злоупотребата на институциите и слабите резултати од областа на здравството и економијата во овој кризен период, а ја истакнал и загриженоста поради тоа што Владата ги нарушува идентитетските прашања што се последната црвена линија за заштита на националните и државни интереси.

На средбата со Кјучук, Мицкоски беше придружуван од меѓународните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *