Информација во врска со потребата од поднесување апликација за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и Информација за започнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра се меѓу точките на дневен ред на 45-тата редовна седница на Владата.
Како што соопшти владината прес-служба, на предлог на Министерството за надворешни работи на дневен ред на оваа седница е Информацијата за подготовка на првата меѓународна конференција во рамките на Преспа-форумот за дијалог, во Охрид и Преспа од 15 до 17 јуни 2021 година.
– Министрите во Владата денеска ќе се произнесат и по Годишната програма за работа на Центарот за стручно образование и обука за 2021 година, со Годишен финансиски план, и ќе ја разгледаат Информацијата за степенот на реализација на користење на средствата за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2020 година, соопшти прес-службата на Владата.