Амбасадорот Марковски се сретна со Никола Ѓурѓај, претседател на МД „Илинден“-Тирана

Амбасадорот на Република Северна Македонија во Албанија Данчо Марковски во амбасадата во Тирана имаше средба со Никола Ѓурѓај, претеседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. 

Ѓурѓај на амбасадорот Марковски му го честитал превземањето на функцијата амбасадор  и му посакал успех на високата дипломатска должност.

-Исто така, го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во оваа земја. Исто така, го запознав и со активностите на друштвото кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница во Албанија, изјави Ѓурѓај за МИА. 

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана додаде дека во текот на срдбата амбасадорот Марковски, покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија.  

 -Многу отворено и искрено разговаравме за можни активности кои би помогнале за надминување на проблемите на Македонците во Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, амбасадорот искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Албанија, нагласи Ѓурѓај. 

 Амбасадорот Марковски неодамана имаше работна средба со Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник од оваа партија во албанскиот Парламент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *