Милошоски: Заев тера политичка агенда за пописот, се работи за однапред договорени проценти

Пратеникот и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во изјава за медиумите кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи против обидот за пописот – фалсификат во текот на оваа недела и дека тој процес е над партиски во кој може да учествува секој граѓанин кој што сака фер попис. Милошоски истакна дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе направи проценка дека има доволен број на потписи кои ќе дадат легитимна тежина за пратениците, ќе поднесат предлог – закон против сегашниот закон за попис кој што е политизиран.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за фер попис и со собирање на потписи против обид за попис фалсификат во текот на оваа недела и откако тој процес на собирање на потписи кој што ќе биде над партиски и секој граѓани кој што сака фер попис ќе може да го даде својот потпис на таквата иницијатива потоа заедно со тие потписи ќе го доставиме истото и до собранието на Р. Македонија во период кога ќе процениме дека има доволен број на потписи кој што ќе му дадат и легитимна тежина на правото на пратениците да поднесат предлог – закон против овој закон кој што очигледно е политизиран од старт рече Милошоски.

Милошоски потенцираше дека е видливо од изјавите на државните функционери дека има наддавање на проценти во врска со пописот и дека причината поради која Заев не сака да го одложи пописот како сите нормални држави како Германија, Србија, Бугарија, Косово, Чешка и т.н. е дека е во прашање политички договор од кој што можеби зависи неговото политичко опстанување. Антонио Милошоски додаде дека кога сите држави го ставаат интересот на здравјето на граѓаните во прв план Заев тера политичка агенда и договорени проценти во врска со пописот . На крај Милошоски истакна дека такво нешто ќе биде само на штета на државата и довербата на граѓаните.

-Ние гледаме дека изјавите на државните функционери се наддавање за проценти, ние гледаме дека токму и затоа Заев избегнува да го одложи овој попис затоа што самиот гледа дека е политички договор во прашање од кој што можеби зависи неговото политичко опстанување. Но е многу неразумно во ваква ситуација кога Германија, Бугарија, Србија, Косово Шкотска, Чешка и многу други земји го одлагаат пописот пред се од интерес на здравјето на граѓаните, на здравјето на

попишувачите, на здравјето на тие кои што треба да се попишуваат Заев тера една агенда која што очигледно е политичка, етничка и се работи за договорени проценти за кој што зборат претставниците на власта. Сметаме дека такво нешто ќе биде само на штета на Македонија и на довербата на граѓаните во нашата држава заврши Милошоски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *