ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фалат со енергетска транзиција, а кријат за хаваријата во РЕК Битола, надвор од употреба е Блок 2 и 3

Наместо да се фалат со помпезни јавни настапи за енергетска транзиција, раководството на АД ЕЛЕМ крие за хаваријата во РЕК Битола. Дури за да биде иронијата уште поголема, болкот 3 во РЕК Битола испадна токму во моментот на пресот.

На 1.2.2021 година на турбината на блок 2 настана тешка хаварија и блок 2 на е во погон, иако ова се случува непосредно после капиталниот ремонт во текот на есента во 2020 година. Ова сигурно им е добро познато на присутните кои ја одржуваа оваа прес конференција, но за хаваријата ниту збор.

За хаваријата ВМРО-ДПМНЕ ја извести јавноста уште на 4.2.2021 година и постави прашања до раководството на АД ЕЛЕМ, но од таму никаков одговор, само МОЛК.

Веќе се поминати петнаесетина денови од хаваријата и некои детали мора да се познати. Сега турбината е отворена и работите се појасни. Но, молк од АД ЕЛЕМ за хаваријата. Повторно ги прашуваме за следното:

Колкава е штетата на турбината, лежиштата и лопатките?

Има ли извештај за причината за ваквата хаварија и појавата на силни вибрации, за да може да се одреди и начинот на поправка и лоцира одговорноста?

Кој е одговорен за ваква хаварија?

Колку долго ќе трае поправката и колку ќе чини во милиони евра?

Дали поправката ќе ја плати одговорниот за хаваријата или пак неколку милиони евра за поправка ќе ги плати веќе осиромашениот македонски граѓанин?

Како е извршен капиталниот ремонт во 2020 година и кој го извршил?

Дали е вршен квалитетен надзор врз работите на ремонтот?

Кои резервни делови се употребија и заменија? И по која цена? Дали договорот со приватната компанија за набавка на резервни делови е склучен без аукција?

Каков е извештајот од испитувањето за ресурс на турбината (тоа значи проценка за состојбата на турбината) кој е направен од приватна компанија со договор без аукција? Дали извештајот вели дека турбината е во ред и може долго да работи?

Тогаш каде е одговорноста на изготвувачот на таквото нестручно испитување и погрешен заклучок кога после неколку месеци има хаварија на турбината? Или извештајот вели дека турбината не е во состојба за нормален погон, па тогаш каде е одговорноста на раководството на АД ЕЛЕМ што турбината иако неспремна ја ставиле во погон и ја хаварисале.

Ремонтот на турбината е извршен од надворешен изведувач. Но, дали изведбата е направена квалитетно и каде е одговорноста за ваквата хаварија.

На ова мора да се даде одговор!

Ги повикуваме одговорните во АД ЕЛЕМ да дадат извештај за хаваријата на турбината на блок 2 во РЕК Битола, во кој ќе одговорат на сите погоре поставени прашања. Тоа е должност кон народот кој сето ова го плаќа. И при тоа се очекува да си поднесат одговорност и дадат оставка.

Од сето погоре кажано следи дека работење со висока стручност, професионалност и одговорност е непозната категорија за раководството на АД ЕЛЕМ поставено од СДСМ.

Бидејќи сé запустеа, сега се свртија кон грантови и заеми за обновливи извори на енергија, кои никогаш нема да ги изградат бидејќи се неспособни, а тоа го видовме на дело досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *