Османи од Луксембург: Поддршката од пријателите е мотив да работиме посветено на реформите

Поддршката од нашите пријатели претставува мотив уште понапорно и посветено да работиме на нашето реформско досие, се до конечната цел полноправно членство во ЕУ, изјави денеска во Луксембург шефот на дипломатијата Бујар Османи за време на средбата со неговиот домаќин, луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил, Жан Аселборн.

Двајцата министри, како што соопшти МНР, се осврнаа на билатералните односи, изразувајќи задоволство од интензивниот политичкиот дијалог меѓу двете земји, а беа разгледани и можностите за унапредување на економската соработка и соработката во други области од заемен интерес. 

-Оваа посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската Унија. Морам да бидам искрен, постои сериозно разочарување од крајот на годината, кога не беше донесена одлука за преговарачка рамка со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ. Но, поддршката од нашите пријатели ја гледаме како нов мотив, со кој ќе ги стимулираме сите чинители во државата да работиме уште понапорно и посветено на нашето реформско досие, се до исполнување на нашата стратешка определба, полноправно членство во ЕУ, рече Османи.

Тој истакна дека е рефирмирана принципиелната поддршка на Луксембург во поглед на остварувањето на една од нашите стратешки цели за поддршка за нашето полноправното членство во ЕУ, а продолжуваме и активно да го негуваме и развиваме нашето сојузништвото во НАТО.

– Нашата земја со Луксембург ја поврзуваат моменти важни за нашата современа историја, од причина што во 2001 година, токму во Луксембург, нашата земја ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, и со тоа, како прва прва земја од регионот го почнавме процесот на усогласување на нашето општество со Унијата. Оттогаш наваму сме сведоци дека Луксембург во континуитет остварува поддршка за придвижување на процесите за европска трансформација на нашето општество и на целиот регион, потенцира Османи.

За време на средбата беа разменети мислења и за повеќе актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, а беше дискутирано и за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во текот на 2023 година.

Како што информира МНР, работната посета на Османи на Луксембург заврши успешно со реафирмирање на принципиелната поддршка од луксембуршка страна во поглед на остварувањето на една од нашите стратешки цели за полноправното членство во ЕУ.

Од утре, Османи ќе претстојува во работна посета на Белгија, каде домаќин му е вицепремиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија и за федерални културни институции Софи Вилмес, а ќе се сретне и со претседателките на Претставничкиот дом и на Сенатот на белгискиот Федерален парламент, Елиан Тилио и Стефани Д’Ос.

Посетата на Белгија, министерот Османи ќе ја искористи и за средби и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *