Американски и македонски армиски инженерци ќе ја подобруваат инфраструктурата на Криволак

Во текот на овој месец на Криволак ќе пристигнат припадниците на 15. Инженерски баталјон на американските сили во Европа кои заедно со нашите инженерци ќе работат на изградба и дополнување на инфраструктурата на Криволак, информира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со генерал-мајор Џозеф Џерард, заменик – командант на силите на САД во Европа кој е во еднодневна посета на земјава.

Ова лето, информира таа, токму на Криволак ќе се одржи вежбата „Одлучен удар 21“ на која ќе учествуаат околу две илјади припадници на вооружените сили на Северна Македонија, на САД, Бугарија и Грција.

– Заедно ќе работат на таа шанса да имаме нови вежби и нов тип на вежбовни активности на Криволак. Заедно инвестираме во Криволак и заедно инвестираме во капацитетот кој го градиме и како наш, но и како НАТО капацитет, рече Шекеринска.

Генерал-мајорот Џерард посочи дека долги години американските воените сили уживале силно партнерство од нашата земја. Оваа земја, посочи, се покажа како лидер во регионалните безбедносни иницијативи.

– Во моментов тренираме заедно со Армијата на РСМ и со нетрпение очекуваме заедно да соработуваме во вежбата што ќе ја зајакне соработката меѓу двете наши земји, нагласи Џерард.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *