ПРЕСЕЛНИЧКИТЕ ДВИЖЕЊА КОН ДЕМОКРАТСКА КАНАДА (14)

 

Тешкиот живот во македонските села, главно, поради миграционите движења во земјата, до кои дојде со развојот на градовите no ослободувањето и форсирањето на индустријализацијата, полека ама сигурно доведе до динамизирање и на иселеничките процеси и надвор од државата. Мотивацијата била да се заработи дополнително уште некој долар на покус рок, за потоа пак да се дојде во зеијата и со спечаленото да се поправи куќата, да се огради дворот или да се зголеми бројот на стоката.

Затоа во почетокот на овие иселенички процеси, прво се одело во блиските држави, за потоа тој тренд да продолжи на подолга патека кон богатите држави на другите континенти, какви што се Америка, Канада и Австралија.

Печалбарската треска нашите села ги зафатила уште во XIX век. Првата дестинација и за велушинци бил Истанбул. Кој прв отишол таму не се знае, но набрзо потоа таква цел им станале и Србија и Влашко. Таму тие патувале како бичкиџии. Патувањата биле циклични: секоја пролетна-таму, секоја есен наваму.

Co сите ризици што таквите патувања во  тоа време ги носело поради разбојничките банди на кои налетувале, Затоа се одело групно и вo тајфа се ераќале. Овие луѓе народот ги викал „гурбетчии“, а нивните активности „гурбетчилак”, Патувањата на подолги рокови биле и поболни. Се заработувало подобро. но и трсшоците за пат небиле мали. Еден бротски билет за Америка или Канада чинел цело богатство.

Враќањето на печалбарот било најрадосниот миг во неговиот и во животот на семејството. Најавеното враќање предизвикувало возбуда, радост и неспокој. Кога домаќинот ќе лристигнел дома, жив и здрав и со спечалена пара во џебот, целото семејство било исполнето со радост и среќа. Тој чин бил свечено прославуван, со богат ручек, на кој се канеле сите соседи и пријатели, млади и стари, Овој ритуал бил незаборавен настан за сите во селото. Повратникот добивал благослов со зборовмте: „Жив и здрав да ни бидеш, повторно здрав да одиш и побргу да ни дојдеш, ти нам – Господ тебе!”.

2ote

На свадба кај Јановци 

Циклусот се повторувал. Печалбарот дома престојувал година-две, додека не се родат едно или две деца и повторно заминувал на пат. Семејството останувало дома, во очекување абер, писмо или пари, ангажмрано околу полските и домашните работи. Така, животот течел со децении.

Во почетокот ретки биле случаите, печалбарот, по престојот во странство, да го noвлече кај себе и целото семејство. Но. од втората половина на минатиот век, таа промена станала нормална, така што голем број Македонци – печалбари во земјите во кои престојувале, ги доселувале и своите семејства. Инаку, масовното семејно иселување од Велушина започнало во 60-тите години на дваесеттиот век. Најмногу во Торонто, Канада и Сиракјуз, Америка.

Од ваквата судбина не било поштедено ни семејството Јановци. Приказната за него ми ја раскажа Александар Јановски – Алексо, со кого ја посетив и Велушина на крајот на февруари 2001 година. Алексо е внук на Ѓорѓи Јановски, сега пензионер којшто живее во Битола.

Семејствата на Васил, Марко и Петре Јановски живеат во Канада, во земјата на иднината, како што многумина ја нарекуваат. Педантните аналитичари запишале дека Канада е држава во која живеат над 35 милиони жители, главно од англиско и француско потекло. а има и над сто други националности, меѓу кои и  околу 120,000 Македонци од сите делови на Македонија. Таа е составена од 10 покраини (провинции): Алберта, Британска Колумбмја, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд, Онтарио, островот Принц Едвард и Саскачеван; потоа од две самостојни територии: Јукон и Северозападната област на Арктичкиот (Францускиот) архипелаг.

Службени јазици се англискмот и францускиот. Припадниците на сите народи го зборуваат мајчиниот јазик, имаат свои училишта, цркви, друштва… Главен град е Отава, со околу 800.000 жители и се наоѓа во Онтарио, а важни и поголеми метроплои се; Монтреал, Торонто, Ваккувер. Едмонтон, Хамилтон, Винипек, Квебек. Калгари, Хелифакс, Виндзор и др. Во Канада владее континентална клима, на југ субарктичка и поларна насевер. Најлознати реки се Сент Лоренц, Макензи и Нелсон, а од езерата Горно, Хјурон, Ири, Онтарио, Винипек, Големо Ропско и други, додека најпознати планини се Карпестите Планини што се протегаат на западниот дел на Канада.

3oteДел од активностите на Македонците во Канада 

Во втората татковина на Јановци пред доаѓањето на Европејците, Канада била населена, главно, со Индијанците Ирокези и со Ескими. Се претпоставува дека во XI век за првпат дошле Норманите. Меѓутоа, се смета де-ка во 1497 година прво се откриени источните брегови и полуостровот Лабрадор од Џовани Кобато, италијански мореллоѕец во служба на Англија. Први доселеници од Европа биле Французите, кои ео 1608 година под водство на Самиел Шаплен го основале Квебек.

Во 1620 година Канада е под името „Нова Франција”. Истата година формирана е засебна компанија со задача да се колонизира новата земја и да се користат нејзините големи богатства.

Во текот на XVII век се доселуваат и англиски колонисти кои, исто така, воделе борби против Ирокезите и постепено освојувале простори и се проширувале кон запад, Во почетокот на XVIII век, Француско-англиската војна во Европа предизвикала судири ао Канада. Бидејќи освојувачката политика во Европа, водена од Луј XIV, ја запоставува грижата за Какада, превласта почнала да преоѓа од Французите на Англичаните. Во текот на војните за шпанското наследство, Англичаните успеале да освојат еден нејзин дел и со Утрхтискиот мир во 1713 година им е признато правото на Акадија и областите околу Хадсоновлот залив.

Во текот на седумгодишната војна, Англичаните ја освоиле цела Канада и таа им припаднала со Парискиот мировен договор во 1763 година Во текот на XfX век се вршело големо населување и ширење на колонистите кон запад, што во 1867 година довело до формирање на Канадската конфедерација со статус на доминион.

Продолжува

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *