СКИТИ – ПРАСЛОВЕНИ НА БАЛКАНОТ НОСИТЕЛИ НА КОНТИНУИТЕТОТ НА ПАНОНСКАТА КУЛТУРА

СКИТИ – ПРАСЛОВЕНИ НА БАЛКАНОТ НОСИТЕЛИ НА КОНТИНУИТЕТОТ НА ПАНОНСКАТА КУЛТУРА

Скитите од Балканот припаѓале на индоевропски народи, на познатата култура Кургана, која ја развиле номадските сточари, на просторите помеѓу Урал и Каспијското Море. Припитомувањето на коњи и пронаѓањето на запрежните коли им овозможила голема подвижност, агресивност и пљачкосувања. Археологот Гимбутас М.,1 дава неколку објаснувања за механизмите што ги придвижувале Индоевропејците на преселба и може да се каже дека нивние миграции се јавуват во ритам, на временско растојание од 900, 700 и 500 години. Како причина за миграциите може да биде демографската експанзија, па како резултат на тоа недостаток на храна, следат притисоци од други народи, бунтови, природни катастрофи, пред сė суши, поплави, земјотреси и други еколошки промени. 

1  Gimbuts, M.: The Goddessed and Gods of Old Euorpe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, Univ. of Carifornia Press, 1982

Миграциите на Индоевропејците во сите правци почнале при крај на V милемиум (околу 4200 година пред Христа), во мали бранови, за во средината на  III милениум пред Христа да стигнат до средна Европа. Според група автори во ,,The Times Atlas of World History” (Лондон, 1983), Протокелтите се доселиле на долна Рајна и на северот на сегашна Франција. Протогерманските племиња се сместиле на север на денешна Германија и Данска. На бреговите на Балтикот стигнале Протобалтите. Протословенските племиња мигрирале на просторите од јужна Полска, преку Карпатите, сė до Јадранот, Егејот и Египет. Во Мала Азија се населиле Хетитие, Лувијците и Карите. Последните Индоевропејци, Аријците, стигнале во Индија во средината на II милениум пред Христа, сė до реката Инд и долината на долината на торното течение на реката Ганг.

Прасловенските Скити, кога стигнале на Подунавјето и на Балканот,  затекнале напредна култура на неолитот, културата на Лепенскиот Вир, Старчево, Породин, Азембегово, Димини, итн. Затекнале земјоделство, култови на подунавските богови од Олимп, палеобалкански јазик, поинакво уредување и обичаи различни од нивните.

Најодалеченото скитско племе кое се наоѓало во централна Азија имало име Саки. Според Сенц,2 Саките биле скитско племе во горите на Бактрија и Согданија на исток, во сегашен Мал Бухар, во западниот дел на пустината Гоби во Кашгар и во Мал Тибет. Како коњнаници, стрелци и морнари припаѓале на најдобрите чети во персиската војска во борбите против Египет. Во битката против Грците на Маратон (490 година пред Христа), Саките-Скити биле во средниот отсек на фронтот, каде со својата храброст продреле длабоко во непријателските положби и напредувале во заднината.3

За тие борби, Херодот истакнува: „… а скитското племе Саки имале на главата шилести крути капи, биле облечени во широки чакшири, носеле домашни лакови и мечеви, а освен тоа биле вооружени со секири со две сечила (лабрис). Овие, иако всушност биле Сики, се нарекувале Амиргијски Саки, бидејќи кај Персијците сите Скити се нарекуваат Саки. Со Бактријците и Саките командувал Хистаспо, син на Дариј…“4 Саките-Скити се бореле и кај Термопилите, во пролетта 480 година пред Христа, како и во битката кај Платеја, во 479 година пред Христа, но и против Александар Македонски во битката кај Гавгамела, на 1 октомври 331 година пред Христа. 

2 Senc, St.: Grčko-Hrvatski rječnik, s. 834, Kr. Zemaljska tiskara, Zagreb, 1910

3  Херодот, Историја, VI, 113, Матица Српска, Београд, 1988.

4  Херодот, Историја, VII, 64, Матица Српска, Београд, 1988.

Скитското племе Амиргијци се лоцира источно од Аралското Море во Азија. Елијад М.5 изнесува интересен податок за Скитите на Индија и тоа дека Буда (буден-просветлен) бил син на помалку важен крал Сакуа, клан од северопзападна Индија. Неговото раѓање датира помеѓу 624 и 448 година пред Христа, додека неговото име на санскритски значи „Просветлен“. Животописите го претвораат Буда во прототип на „боженствен човек“, како што е, на пример, Исус Христос. Будиното учење, под името будизам, е насочено кон сапсение на човекот. За време на македонско-индиската кралевство на царот Ашока (274-234 година пред Христа), будизмот доживеал голема експанзија. Освен во Индија и во Иран, будизмот се проширил и на Тибет, во Централна Азија, Кина, Шри Ланка, Индокина, Кореја и Јапонија. 

5 Eliade, M.: Histoire Des Croyances et Des Idees Religieuses, Payot, Pаris 1989; Историја на веровувањет и религијских идеја, с. 40, Просвета, Београд.

За центрите на Скитите на Централен и Западен Балкан информации дава Зеилер, Ј. во својата публикација под наслов „Les origines chretiennes dans Provinces Danublennes de l’empire Romain“6 Авторот во своите истражувања, каде го опишува почетокот на христијанството на Балканот во дунавските провинции на Римската Имеприја, изнесува дека: „Скитски центри на Балканот биле Диоклеја, Лихнида, Епидамен, Наисус, Сардика и Солоне.

 1       Зеилер, Ј., Les origines chretiennes dans Provinces Danublennes de l’empire Romain, Pris, 1918 / превод Никичевиħ, К., ЦИД, Подгорица, 2005.

2fel

На истичниот дел на Балканот во римските освојувања постоела Скитија, танакаречена Scythis Минор, провинција јужно од уститето на реката Дунав. Таа од Моесиа Инфериор II била одвоена во IV век пред Христа. Многубројните градови на Скитија може да се поделат во две групи: јонски колонии на Милеќаните на Црното Море – Томис, Хистрис, Калатис и др, и римски утврдувања, главно сместени на Дунав, како што се Доростолом, Аксиополис Диногетиа, Ноиодунум и др. Најголем подем Скитија Минор доживеала помеѓу IV и VI век под Христа.

За топографското име на Скитите во Македонија, интересен е податокот на Стефан Бизантијски (Stephanos), граматичар и автор на географскиот лексикон „Ентика“, во делот „За градовите“ (Peri Poleön), кои временски ги класифицира на самиот крај на антиката во Јустинијановото доба (527-565 година по Христа) или, поточно, помеѓу 528-535 година по Христа.  Во овј труд, при описот на градови, се изнесува дека Аргос Орестикон (Рупушча) во Костурската област на југозападна Македонија се наоѓа во Скитската земја (Argos Orestikon и en Skythiai).

Што се однесува до името Сакалаши за Скитите, веќе е изнесено дека Childe7 укажал дека првите информации за Сака-лашите како народ „северо-Борејци“, сочувани се во египетските споменици кои датираат околу 1400 година пед Христа. Следат податоци на Мернептх (1225-1215 пред Христа) кој на северните граници на Египет ги победил „Северните хорди од целиот свет“, каде учествувале и Сака-лашите.Етнинимот Саке-либи и Саке-сини е арапско име за Словените. Ова име Сака-либи се наведува и во 565 година по Христа, кога еден одред Словени од 5000 војници им пришол на Арапите во Сирија, а биле на страната на Византија.9 Неколку години подоцна, за време на императорот на Источносто Царство, Јустинијан II, во 692 година по Христа, побегнала кај Арапите поголема формација на Сакалибите од околу 20.000 војници. 

7  Childe V.G., The Danube in Prehistory, Лондон, 1929.

8  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 227, 228, Athina, 1954.

9  Острогорски, Г.: Историја Византије, с. 132, Просвета, Београд, 1969. 

Етнонимот Скити кај етимологот Мпампиниотиј10 е од непознато потекло. Тоа е разбирливо бидејќи потекнува од словенскиот глагол да скита, бидејќи тие биле номади и подвижни и постојано скитале. Тоа го потврдува и Херодот:11 „Скитите не градат ниту градови, ниту тврдини и на пат ги носат со себе и своите куќи. Сите се коњаници, вооружени со стрели и не живеат од земјоделство, туку од сточарство, а куќите им се наоѓаат на колите, па како тогаш да не бидат непобедливи и недостижни… Но, Скитите пронашле една вештина во која, според моето мислење, се најдобри на светот. Таа нивна вештина се состои во тоа никој кој им влегува во нивната земја да не може да побегне, а исто така никој кој е во состојба да ги најде да не може тоа го стори кога тие нејќат.“ Овој нивен начн на војување во воената литература е познак како „Скитска тактика“ на војување, применета против Дариј во 512 година пед Христа, против Наполеон и Хитлер. 

10  Mpampiniotis, G.: Synhroni gramatiki tis koinis neas Elinikis, Athinai, p. 1635, 1967.

11  Херодот, Историја, IV, 46, Матица Српска, Београд, 1988.

За староста на Скитите воопшто, па и на Балканот, Херодот12 истакнува: „Скитите говорат за себе сека се најмлад народ на светот…“ и понатаму13 „… од првиот крал Таргитај до Дариевиот поход против нив (во 512 година пред Христа) има сė, ниту помалку ниту повеќе, илјада години.“ Во продолжение,14 тој изнесува: „Херакле, гонејќи ги Гериновите стада, доспеал во земја… во која сега живеат Скитите… на едно острово кое Хелените го нарекуваат Еритеја (истото име постои и сега кај Романците, а кај Србите – Ада Кале)… стигнал најпосле во земјата која се викала Хилеја (Шумадија).“15 „Со кралицата на Хилеја, Херакле имал три сина, од кои најмалиот се викал Скит…“16  И од овој Хераклов син Скит потекнуваат сите подоцнежни скитски кралеви.     

12  Херодот, Историја, IV, 5, Матица Српска, Београд, 1988.

13  Херодот, Историја, IV, 7, Матица Српска, Београд, 1988.

14  Херодот, Историја, IV, 8, Матица Српска, Београд, 1988.

15   Херодот, Историја, IV, 9, Матица Српска, Београд, 1988.

16  Херодот, Историја, IV, 10, Матица Српска, Београд, 1988.

Од сето ова произлегува дека Скитите-протословени на Балканот биле присутни повеќе од 1500 годни пред Христа. Понатаму, доколку Херакле според Ератостен е роден во 1261 година пред Христа, веројатно е дека неговиот син е роден кога татко му бил зрел маж, т.е. околу 131 година пред Христа и дека кралицата на Хилеја, Ехидна, имала добро организирана држава на Скитите на тлото на Балканот.

Протословенските Скити во составот на индоевропските преселби од север, стигнувајќи во Подунајвето и на Балканот како номади-сточари, затекнале напредна култура на неолитот, културата на Лепенски Вир, Старчево, Винча, Породин, Анзабегово, Димини итн. Затекнале земјоделство, култови кон подунавските богови на Олимп, палеобалкански јазик „старогрчки“, поинакво уредување – матријархат и обичаи, неутврдени живеалишта. Староседелците, носители на културата на неолитот во Подунавјето, делумно постепено се повлекуваат кон Егеј, Мала Азија и Италија во бранови и ги предизвикуваат „Егејските преселби“. Тоа се „народите од морето“: Дануни, Пеласти, Луки, Турши, Сакалиби, итн.

Оние кои опстанале, заедно со Скитите создале, со тек на времето, симбиоза, а дунавскта култура била подлога за развој на егејската култура. 

Јазикот на Скитите бил неразбирлив за Херодот,17 иако изнесува неколку преводи, како што се: „Хестија на скитски јазик се вика ’Табити’, а Завс… ’Папеј’, земјата ’Апи’, Аполон – ’Етосир’, Афродита – ’Аргимпаса’, Посејдон – ’Тагимасадас’, Амазонки – ’Оирпати’ што на хеленски значи „мажобиец“, бидејќи ’оиор’ значи човек, а ’пата’ значи да убие…“ 

17  Херодот, Историја, IV, 59 и 110, Матица Српска, Београд, 1988.

3fel

Од ова се гледа дека Скитите имале свој јазик на комуницирање, бидејќи и јазикот и писмото, покрај огнот, имаат најголеми човечки иновативни својства кои придонеле за формирање на историјата на човештвото. Освен Јунг, татко на комплексната психологија, кој во културно-историските форми на манифестации на човековиот дух го вбројува на прво место јазикот, тоа уште подобро го афирмира Апостол Јован. Во неговото Евангелија во делото „Оваплотување на Божјиот збор“ (1/1), тој наведува: „Во почетокот тоа беше збор Божји, и тој Збор беше во Бог, а Бог беше Зборот“. Доколку овој дел се парафризира, тоа ќе значи следново: „Во почетокот тоа беше Слово и Словото беше во Бога и Слово беше Бог“. Ова бил слоганот со кој Константин Философот – свети Кирил со својот брат Методиј ги проповедал во своите евангелски беседи, своите епохални мисии во име на Словените и за нивната натамошна афирмација. 

Етнонимот Словени потекнува од зборот ’слово’, „Божје слово“ (логос, беседа, слово), додека Славени од зборот ’слава’ (докс, глориа, глас, углед).

Писмените извештаи, во официјалните верзии, за Словените се однесуваат на I и II век од нашата ера, од римскиот историчар Тацит,18, Плиниј (23-79 година по Христа), Птоломеј (II век по Христа) и други кои Словените ги нарекуваат Венди, Винди, Анти, Словени, Славени, Венти, Винити, итн.

18  Тацит, 35-117.

Во текот на Средниот век, поради непријателските односи со Источно-римското царство, византиските писатели зборот ’Славен’, во пејоративна смилса, на почетокот го преиначиле во ’Стлавен’ (Stlavos), а потоа буквата ’т’ ја промениле во ’к’ и добиле збор Склавен (Sclavos), што значи ’роб’, а нивните општествено-политички заедници во Склавинии.19 Врвот на деноминацијата и демонизација на Словените настапил за време на царот на Источноримското царство Константин Порфирогенит (913-957 година по Христа), кога Словените-Славени биле именувани Склави-робови. Од средновековниот збор ’склавос’, произлегол и латинскиот збор sclavus, францускиот esclave и англискиот slave.

19  Mpampiniotis, G.: Synhoni gramatiki tis koinis neas Elinikis, Athinai, p. 1628, 1967.

Бидејќи за продор во длабочините на скитскиот свет на просторите на Балканот археологијата и Хераклевата историја не се доволни, ние посегнавме по мултидисциплинарниот метод – лингвистиката. Имајќи го предвид старото правило дека топонимите „паметат“, спроведовме епистемолошки лингивстички истражувања на топонимските, географските ономастики на Централниот Балкан. Методите користени во трудот се етимологијата и семантиката.

Утврдивме дека географската ономастика на Централниот Балкан припаѓа на палеобалканската глосологија (ПБГ), но и на словенски имиња. ПБГ е сочувана во географските имиња, но во античкиот „грчки“ јазик. Словенската ономастика содржи семантика од ПБГ, со многу различни трансформации во духот на јазикот.Хоронимот Панонија останал ист, но затоа целата област добила име Војводина, која ги опфаќа Банат и Бачка, а нивните корени се од ’ba“ во basilevs o wanaks – крал, војвода, па оттаму и Војводина. Областа Хилеја – шума, преименувана е во Шумадија. Пожаревачкото поле е превод од Flegraion pedion. Оронимот Фрушка гора со Стражилово е, исто така, превод, будејќи ’фрура’ значи стража, Ripaiön – Рипањ и др. Хидронимот Даноувиос станал Дунав, Стикс опстанал како Стишко Поле, а реката како Млава, а значењето е исто.

Скитските Протословени ги прифатиле во својот јазик сите хидроними на Панонија, како што се Тиса-Tisos, Тамиш или Темиш-Temis, Нера-Nerevs, итн., како и адите: Циганлија-Gigantis lian, Чаклијан – Kakos lian, Нестинска – Nestos, Крчединска –  Karkionos, Форко-Тумац Forkos и Tumas и сл. На југ на Балканот следи Ниш, град и река, од Dionysos, Кладово, гради река, од Kladön, иако порано градот се викал Занес-Зевс-Зан-Занес. Метохија од Метехö – да има, Призрен од призö, Скопја – стражарница, кула за набљудување, хридина, Штип-Astuvos, Костур-Keletron-skelete, Korestia-Orestia, Солун-Salonika, итн. Од хидронимите интересен е името на реката Вардар за Аксиос, каде е земено античкото име на помала, паралелна река Ehe-dör, што значи ’да чува, да пази на подарок’, па оттаму и Вар-дар. Сочуван е и хоронимот Маке-донија кој, истовремено, станал и нивен етноним, Македонци.

Продолжува

Пишуваат:

1slave 2АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН 

8 thoughts on “СКИТИ – ПРАСЛОВЕНИ НА БАЛКАНОТ НОСИТЕЛИ НА КОНТИНУИТЕТОТ НА ПАНОНСКАТА КУЛТУРА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *