Заев-Кундурос: Пријателството меѓу државите промовира стабилност во регионот, поддршка од Грција во евроинтеграциите

Северна Македонија и Грција преку пријателството промовираат стабилност во целиот Западен Балкан, констатираа премиерот Зоран Заев и новиот грчки амбасадор во земјава Русос Кундурос на денешната средба во Владата.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството меѓу двете земји, преку унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека е веќе во фаза на реализација.

-Изразена е поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи, се велу во соопштението.

На средбата, како што се наведува, посебно е разговарано за интензивирање на економската соработка, каде, како и во енергетиката, се бележат видливи резултати.

-Низ економијата, граѓаните на двете држави почнуваат да чувствуваат директни бенефити од Преспанскиот договор, како историски чекор и значајна определба на двете држави за градење добрососедски односи, инклузивна и конструктивна соработка, рече премиерот Заев.

На средбата е посочена и важноста на соработката во областа на здравството, земјоделството, образованието, културата, социјалната заштита.

Премиерот Заев преку амбасадорот Кундурос упати покана до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да ја посети Република Северна Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *