Вицепремиерот Димитров и министерот Османи во посета на Брисел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска ќе престојуваат во работна посета на Брисел, каде ќе остварат средба со министер за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Како што соопштија од владината Прес-служба, во рамки на посетата предвидени се средби на Димитров и Османи и со претставници на институциите на ЕУ.

На маргините на заседанието Советот за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денеска, планирани е Димитров и Османи да имаат билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *