Пендаровски ќе ја прими ковид вакцината, според него треба да се вакцинираат сите од државно-политичкиот врв

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва изјави дека тој и семејството ќе ја примат ковид вакцината кога ќе се процени дека има доволно вакцини за сите здравствени работници.

– Не би сакал да бидам баш прв, затоа што пред мене има здравствени работници кои директно работат со заразените и не би сакал ако е првата квота лимитирана, да им земам од нивната квота, но во оној момент кога ќе се процени дека има доволно и за сите здравствени работници или оние кои се на првата линија на отпорот, се разбира јас сум тука да го направам тоа со целото мое семејство, рече Пендаровски во интервју за МТВ.

Според него, сите од државно-политичкиот врв треба да ја примат вакцината за Ковид-19, а тоа треба да го сторат и лица кои се со поголемо влијание во своите средини, на државно или локално ниво, за да му покажат на народот дека нема од што да се плашат.

– Недозволено е за една организирана држава да дозволи на социјални мрежи или традиционални медиуми да доминираат луѓе кои не се доктори и експерти. Вакцините што треба да ги примаме се резултат на месеци и месеци испитувања од најголемите умови кои овој свет  ги има. Вие не можете да го негирате тоа, потенцира Пендаровски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *