Пендаровски – Шентоп: Натамошно продлабочување на македонско-турските односи во сите сфери

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, што се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, преку соработка на сите нивоа.

Претседателот Пендаровски изразил уверување дека со сојузништвото во НАТО двете држави даваат придонес за стабилноста и безбедноста во регионот. Двајцата соговорници изразиле очекување за натамошно продлабочување на македонско-турските билатерални односи, во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја меѓупарламентарната соработка.

На средбата биле разменети мислења и информации и за актуелните состојби во двете држави, вклучително и во контекст на пандемијата од Ковид-19, како и за целокупните состојби во регионот.

Пендаровски изразил благодарност за севкупната помош од Турција за справување со пандемијата од Ковид-19, истакнувајќи ја важноста на солидарноста, соработката и меѓусебната поддршка на државите, како важен предуслов за успешно справување со последниците од глобалната пандемија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *