ЃОРЃИ ЈАНОВСКИ – СТОЛБОТ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВЦИ

По завршувањето на Првата светска војна, братучедите од третото колено, Ѓорѓи (1907) и Ристо (1911) Јановски, биле испратени на школување во Француското училиште во Битола. За кусо време постигнале одлични резултати во учењето, но, за жал, не го продолжиле школувањето од материјални причини. Во Битола останале само една година и морале да се вратат во Велушина и да продолжат со земјоделските работи.

Во тоа време ретко кое селско дете можело да се школува подалеку од родното огниште и особено во повисоки образовни центри без неговите родители да обезбедат доволно финансиски средстеа. Тоа во извесна смисла им одговарало и на нивните родители, особено ако располагаат со повеќе хектари земја, која објективно бара бројна работна сила.

А земјишниот фонд што го поседувало семејството Јановски не само што не бил мал (изнесувал 8,5 хектари), туку се сметал за еден од најквалитетните во Велушина. Околу три хектари од овој имот се’ уште се наоѓа во сопственост на Земјоделско-индустрискиот комбинат „Пелагонија”.

Co оглед на тоа што во Македонија започнала денациона-лизацијата на имотот што на граѓаните по Втората светска војна им беше одземен од државата, неговото враќање на бившите сопственици е во тек, така што и семејството Јановски од Торонто, може да смета на овој факт во блиска иднинз.

Во 1933 година семејствата на помладите Ѓорѓи и Ристе Јановски, како трети братучеди, се поделиле и започнале да живеат одделио во две куќи. Старата куќа при делбата му припаднала на Ристе, а Ѓорѓи, таткото на Васил, Марко и Петар. си изградил нова, во дворното место на старата куќа, Во 1961 година сапругата на Ѓорѓц – Фанка, мајката на тројцата соколи, како што веќе истакнаѕме, се разболела и починала, Бидејќи Ѓорѓи останал без саканата сопруга и мајка на неговите синови, решил да замине за Канада заедно со сопругата и децата на Марко.

2stolbФана и Ѓорѓи Јановски

Својот живот во новата средина Ѓорѓи го започнал во рамките на семејствата на синовите во Торонто, настојувајќи колку што може да не го чувствуваат како товар, да не го отежнува нивниот живот. По вообичаената стабилизација во новата средина, чувствувајќи дека се’ уште вo нe­ro има и здравје и енергија, решил да се прежени, олределувајќи се притоа за сонародничката Коца, со која во слога и разбирање, останал до крајот на својот жиѕот.

Тој, фаталниот крај го доживеал во Торонто, во 1999 година, останувајќи во спомените на своите синови, снаи и внучиња, но и на другите сонародници, како човек кој целиот свој живот му го посветил на своето семејство, создавајќи и одгледувајќи вистински македонски мажи, за кои во животот не постои лречка што не ќе можат да ја совладаат,

И не само тоа, неговите синови и нивните семејства денес, како угледни Канаѓани, давааг значаен придонес не само во еко-номскиот просперитет на оваа земја, туку и во развојот на нејзината демократија, Не случајно за Канада се вели дека е лулка на демократијата во Северна Америка. Дотолку повеќе што нејзината експанзија на овој план допрва ќе престои, ако се има предеид дека оваа голема и богата земја е гладна за нови простори и за нови луѓе кои го бараат своето „елдорадо”.

Погледот на семејството Ја-новци, направен од македонската диоптрија, не би бил целосен ако не истакнам дека неговиот стожерник – Ѓорѓи, таткото на Васил, Марко и Петар Јаноески, бил и останал силна и значајна фигура во историјата на Велушина. Тој бил почитуван и ценет не само од членовите на своето пошироко и потесно семејство, туку и од сите соселани, кои вo неговите способности го наоѓале личниот пример и за своето ангажирање во рамките на работните обврски во селото и неговиот атар иако имал само основно образоѕание. Со својата интелигенција ипознавање на работите го привлекувал вниманието и на пообразованите и на покултурните и не заостанувал зад нивото на нивните слособности.

За посебно одбележување е носталгијата што Ѓорѓи Јановски, по иселувањето, ја чувствувал за својата родна земја, a ocoбено за Велушина. Тој порив за татковината бил толку силен што, речиси. секоја втора година Ѓорѓи доаѓал во Македонија и летните месеци ги минувал во Велушина, во својата родна куќа која, како што веќе истакнавмег и денес го привлекува вниманието на секој патник намерник.

„Сепак, негова најголема гордост бил успехот во бизнисот на неговите синови Марко и Петар во Торонто, Канада, со кој можат да се гордеат не само сегашните, туку и идните поколенија на Јановци“ истакна на крајот од разговорот Александар Јановски. роден 1933 година во Велушина. а сега житее на Битола. Тој своето слободно време, што го има на претек (како пензионер), често го минува во Велушина, грижејќи се за имотот на семејството, како за „свето место”, кое навистина заслужува такво внимание не само од него, туку од секој. што ќе има можност одблизу да го запознае. Тоа е настан кој долго се памети.

 

Еве како Алексо денес го изразува својот личен однос кон Ѓорѓи и неговото семејство:

„Јас Александар Јановски (Алексо) како внук на Ѓорѓи од третбратучед, мојот стрико многу го ценев и почитував. При секое негово доаѓање во својата родна куќа во Велушина, ro пpeчекував на Охридскиот аеродром. а потоа и го исграќав до Охрид, кога се враќаше во Канада. Co еден збор, можам да кажам дека го сакав и почитував како најблизок член од семејството Јановци.

„Васил. како најстар од браќата, се’ до заминувањето во Канада, главно, беше ангажиран на земјоделската работа, додека Марко се грижеше за овците, чиј број варираше од 40 до 60, со што земјоделско – сточарските активности во рамките на семејството беа успешно и ефикасно извршувани. 

Петар и јас уште како деца го пасевме крупниот добиток, но бидејќи спиењето ми беше слабост, па не можев да станувам рано, сите обврски околу моите говеда ги преземаше Петар, на кого, по станувањето од креветот, му се придружував, откако ќе загубев извесно време лутајќи низ ридиштата за да го пронајдам. Иако сега сите сме во поодмината возраст, непобитен е фактот дека спомените од детството и младоста остануваат незаборавни. Тие се најубавиот дел од животот на човекот“. 

„Колективизацијата која се спроведуваше no селата од 1948 година па се до нејзивото укинување во 1952 година”, вели Алексо. „придонесе селското население да ги напушти родните огништа и да бара излез во градовите на горанешна Југославија, а подоцна и во масовното иселување во странство. Тој процес тргна како лавина која никој не можеше да ја запре или успори, a ги опфати регионите на државата кои граничат претежно со Грција и Албанија. како што се Битолскмот и Преспанскиот регион, со најголем интензитет. Како резултат на овие движења, селата се испразнија, а имотите на селаните Македонци почнаа да ги откупуваат Албанци. 

Во Велушина денес живеат само неколку македонски семејства. Селото има убава местоположба, големо поле, река од која се наводнува, планина со густа шума и пасишта. Меѓутоа, Албанците од Острец му фрлија око и полека започнаа да го освојуваат. Досега во него се влезени преку осум албански семејства, со тенденција да доаѓаат и други, откупувајќи ги напуштените имоти на велувци, го заврши своето кажување Алексо, како дел од семејството Јановци, додаеајќи дека од нив во Битола остана само семејството на Ристе Јановски. 

Продолжува

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

SHARE