ЗАМИНУВАЊЕ НА БРАЌАТА: ПЕТАР ЗА БЕЛГИЈА, ВАСИЛ ЗА КАНАДА И МАРКО ЗА АВТРАЛИЈА

1braka

Животната одисеја на Петар, или Петре била потешка и покомлицирана отколку онаа на неговите браќа Васил и Марко. Негова карактерна особина е хуманитарната димензија, готовноста да помогне секому. Лагата, фалбата и омразата за него не се својствени. „Во Велушина Петар беше мојот најголем заштитник, кој ме бранеше од оние кои ми се закануваа”, ѕе-ли Алексо, сеќавајќи се на тие времиња. „Тој беше голем мировник, противник на каква било кавга, со што потсетувал на нe­roвиот прадедо Јован”.

Во Велушина Петар го завршил основното училиште, а потоа се запишал во средното техничко училмште во Скопје, но ја завршил само првата година, што не бил хендикеп во неговиот живот како успешен бизнисмен, природно надарен и талентиран за секоја работа успешно да ја заврши. Стапил во брак со Софка Гушевска, од Горна Маала во Велушина, сосетка на Јановци. Растеле заедно како деца и добро се познавале, така што кога Петар ја побарал за жена, таа веднаш го прифатила предлогот.

Свадбената церемонија ја направиле во Торонто, каде што ги удриле темелите на својот брак, во кој се здобиле со два прекрасни сина, кои завршиле факултети. Синот Ѓорѓи (Џорџ) како одличен студент често бил присутен во јавноста со способностите што ги покажувал во областа на финансиите. По завршувањето на факултетот се вклучил во семејниот бизнис, во кој бил задолжен токму за таа сфера. И вториот син Никола тргнал по неговиот пат, како во образованието, така и во бизнисот, што било голема среќа за родителте.

2brakaКуќата на семејството на Софи Гулевска

Инаку, во 1948/49 година започнал процесот на колективизација на земјоделското земјиште во бившата држава Југославија, во рамките на која Македонија имаше статус на социјалистичка република. По селата почнале да се формираат работни задруги, во кои насилно биле вклучувани земјоделците и нивниот имот. Оние што се спротивставувале биле изложени на законски тортури, меѓу кои не изостанувала ни мерката затвор. Од ваквата судбина не можеле да избегаат ни велувци, кои биле принудени да се вклучат во селската работна задруга (СРЗ) позната лод името „Панде Николовски”.

Освен земјишниот фонд, во задругата бил вклучен и сточниот фонд, целиот крупен добиток, како што се говедата и коњите и поситниот – овццте и козите. За нив биле изградени нови штали, но новите услови, наместо подобрување, довеле до влошување на состојбата на стоката, која почнала масовно да умира и за многу кус период се преполовила.

Така сточниот фонд во Велушина почнал се’ повеќе да се намалува, a квалитетната обработка на земјата да стагнира, што се’ заедно било една од главните причини селското население да мигрира, прво во градовите, а потоа и надвор од земјата. Тој бран во педесеттите години започнал со масовни бегства на младите луѓе преку државната граница во Грција, а потоа во Европа, Америка, Канада и Австралија.

Меѓу првите што го напуштиле родното огниште биле и браќата Васил и Петар Јановски, кои во 1955 година ја минале македонско-грчката граница. По нивниот неколкугодишен престој во логорот „Лаврион”, прво Петре заминал за Белгија, а потоа Васил за Канада. За разлика од нив, Марко на легален начин, со пасош. во 1965 година заминал за Австралија.

Петре, пак, no четиригодишен престој во Белгија, со помош на братот Васил, се преселил во Торонто – Канада, По извесно време, браќата од Канада го повлекле и третиот брат Марко и така заеднички започнале да ја градат својата нова иднина во богатата и демократска Канада.

3brakaДедото Тале и мајката Фана со Васил. Марко и Петре

 Откако ce консолидирале во Торонто, браќата Јановски започнале да ги преселуваат и семејствата од Македонија. Најпрвин тоа го направил Васил, a потоа и Петар. Но, бидејќи тој се’ уште не бил оженет морал и за тоа да се погрижи. Имал конкретен повод и единствена прилика која морал да ја искористи. Негова љубов била убавата Софка од Велушина, која набрзо, со редовен пасош заминале за Канада, каде заедно со својот сакан избраник, ги удриле темелите на својата брачна заедница. Според тоа, оваа земја е прва татковина на неговите деца.

Последно за Канада заминало семејството на Марко: сопругата Даница и двага сина Димче и Миле, овојпат заедно со нивниот татко Ѓорѓи, со што во Торонто се комплетирало семејството Јановски. Мајката на Васил, Марко и Петар починала во 1961 година, а причина за нејзината смрт била нејзината голема загриженост за Васил, за кого, no неговото бегство во Грција, добила вест дека грчките граничари го раниле.

Мајката Фанка, како и сите добри мајки оптоварени со грижата за своите деца, не ги издржала стресовите кои го уништиле нејзиниот живот. А синовите, особено по смртта на двете ќерки, биле нејзиното најголемо богатство, за чија заштита не го жалела ни жиаотот.

Затоа живеела со нив и за нив и не дозволувала раска да падне на нив, Но, ете судбината сакала единствено таа да остане во Македонија. Како аманет за синовите и нивните деца дека нивната мајка и баба, па и прабаба, по желба на Господ, останала во старата татковцна, на која сите тие ке мислат и ќе планираат еден ден и да дојдат, да го посетат нејзиниот гроб и да положат цеќе на нејзиниот вечен дом.

Продолжува

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *