ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕН – ТЕМЕЛНИКОТ НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ СВЕТ ХРАМ ВО ТОРОНТО

1klimВо ова продолжение за читателите на порталот „Македонско сонце“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето. Нестрпливо беше исчекуван денот кога ќе биде ставен камен-темелникот и осветена првата лопата бетон што со аирлија и благослов ќе се стави во него.

Имено, Беа завршени сите подготовки, сите трчкања, беа испратени поканите до сите верници и гости, a на локацијата беше поставена првата табла на која се повикуваше народот да учествува во градбата на својата прва македонска црква, што беше и гаранција дека се ќе почне и ќе заврши во предвиденото време.

На тој 5-ти април 1964 година, претпладнето, на тоа свето македонско парче земја, се слеваше река народ од сите страни на Онтарио, сакајќи на самото место да ја увеличат големата веселба. По црковната богослужба, точно во 13.30 часот после пладне, во беспрекорен ред, се тргна кај новото место за изградба на македонската црква.

Напред се вееше големиот барјак на света Богородица, a no него дечиња носеа пет црковни икони. Потоа во колоната беше свештеникот во блескаво одејание од чија лева и десна страна масата луѓе ја красеа млади Македонци во живописна народна старокрајска носија. Неколку чекори по нив, беа претседателот, потпретседателите, секретарот и воопшто сето црковно настојателство, предводејќи ги оние околу 500-мина што ја чинеа големата поворка.

Глетката беше импресивна. И разбирливо што претставниците на медиумите со камери и со пишан збор трчаа постојано да го овековечат настанот, Во 13.45 часот, во присуство на претставниците на месната власт, претседателот на околијата и членот на Контролниот комитет г-дин Арчар, како и од претседателите иа општините Лисајд – госпоѓата Никсон, се почна со овој голем, голем чин – осветувањето на темелот. По тој повод во специјална кутија беше ставена посвета на македонски јазик, а во неа меѓу другите пораки беа запишани и имињата на сите настојатели и местото на нивното раѓање во Македонија.

На 5-ти април 1964 година на протоставрофорот Кирил Стојановски му падна честа на свечен начин да го вгради камен-темелникот и Повелбата. Осветувајќи ги темелите, тие беа поставени на здрава основа и гранитен камен, на кого не ќе можат “да му оддолеат ни вратите на пеколот”, беше речено на свеченоста.

3klimПоставување на каментемелниког на црквата Св. Климент Охридски”

На присутните потоа им се обратија свештеникот Кирил Стојановски, гостите – претставникот на канадските власти, претседателот на новиот духовен дом Сгиро Сандерс и секретарот Дон Папас, сите топло и долго поздравени од масата народ што го исполни овој плац и што сакаше ете, одблизу да го види чинот на осветувањето. Потоа, присутните беа почестени со кафе и колачи, a ce развија и македонски песни и ора. Луѓето празнуваа, се радуваа на овој редок момент, на поставувањето камен -темелник на новата Македонска православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто.

Славјето беше и мина. Радоста што се почувствува на лицето на секој присутен, беше обврска што побргу и што поубаво да биде  подигнато  новото  светилиште.   Набргу беше  обезбеден  и првиот заем од 120.000 долари, а на градилиштето катадневно се дотураше се она што беше потребно за градбата. Визионерот и творец дедото Петре (Питер) СтоЈанов беше постојано зафатен како и толкутемина Македонци околу градбата ама смогна сили и најде време да ја нацрта.

Насликал чудесен спој на генерации, еден симбол возвишен со подадените раце на луѓето. Ракувајќи се тие го изразуваат својот стремеж да бидат еден ден заедно така како што се едно браќата од Егеј, од Вардар и од Пирин, a во Канада слогата и разбирањето да ги красат сите честити луѓе. Во горниот дел патот го осветлуваат сончевите зраци. и целосниот лик на светиот народен храм, „Св. Климент Охридски”.

Мошне убаво компонирани елементи, големи симболи и силни пораки. Се правеше се црквата што побргу да биде готова. За цело време градилиштето беше посетувано од неброени Македонци, кои нежалеЈЌи го своето време доаѓаа, помагаа и уживаа гледајќи како пред нивни очи се раѓа прекрасното ново здание, македонскиот храм на канадската земја. Восхитот беше дотолку поголем што е остварен долгиот сон да се има свое катче, да се престане шетањето од една до друга туѓа црква, и да му се стави крај на однародуеањето и присвојувањето кој како ќе стигне и престигне.

4klim

Храмот е веќе факел и светилник кој ќе го краси и ќе го афирмира македонското име. He еднаш меѓу луѓето можеше да се чујат и овие зборови на восхит кои можеби и на најдобар можен начин говорат за значењето на црквата, за нејзината огромна и незаменлива улога на канадските простори.

Овој труиф народен – заеднички ги поттикна луѓето да ја воспеваат победата, како македонска победа,  а на младите и најмладите, на поколенијата што доаѓаа, на нивните деца и внуци да им даваа ука и совет на секого да му ја раскажат убавата приказна за македонското ново големо духовно дело.

Ако некој запраша: колку пари чини вашата црква? – Вие одговорете: Нашата црква бидејќи е првата и најголема изградена на овие простори и надвор од етничко географските граници на Македонија – таа е – без цена.

Ако некој праша колку е висока? Кажете му:  Нејзината височина го достигнува небото.

Ако продолжи и натаму да ве прашува и ви рече: А колку е широка? Тогаш одговорете му: Co својата широчина ја обвива земјата.

И најлосле доколку љубопитниот посака да дознае колку ќе и биде долг животот? Тогаш, гордо и одважно ставете му го до знаење   ова:   Должината   на  нејзиниот живот е само – вечноста.

Вистина, храмот блесна со сета раскош и убавина кога вредните градителски раце го завршија целосно. Во неговите ѕидини, во неговите двери се вградени љубовта и вербата дека заедно може да се победи се: многуте маки, тешкотиите, многуте проблеми и најразличните сопки и пречки што особено ги задаваа непријателите, неможејќи да се помират со тоа што Македонците со братска слога и со љубов ја изградија својата голема значајна и убава црква. И дека е тоа заедничко дело на сите, без ралика од кој крај потекнуваат, без разлика на големите жртвувања, без разлика кој колку и како можеше да помогне.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *