ВМРО-ДПМНЕ: Годишната програма за култура не ги одразува реалните потреби

Годишната програма за култура е скандалозна и хаотична и не ги одразува реалните потреби во културата.

СДСМ Буџетот наменет за култура го претвори во колач за поткусурување со коалиционите партнери. Уметниците се револтирани и гневни. Културата никогаш до сега не била толку деградирана, а уметниците толку омаловажени.

Срамно и понижувачки е најстариот македонски детски музички фестивал „Златно славејче“ кој постои 48 години да добие само 200.000 денари, а за сметка на тоа се одвојуваат 300.000 денари за само една песна.

Национални установи се запоставени за сметка на граѓански здруженија за кои јавноста прв пат слуша.

Нереално и неодговорно е здружението за лов АРТ Тетово да добие рекордни 900.000 денари за проектот „Запознавајќи ги нашите вредности“, додека на Сојузот на композиторите на Македонија за музичката манифестација „Струшка музичка есен“, која има 42 годишна традиција, се доделени само 150.000 денари.

Таканаречените шарени револуционери, добиваат милиони, додека вистинските уметници се оставени со смешни средства.

Непотизмот е еден од клучните методи по кој се делени средствата по основ на годишната програма за култура. Јавноста е фрапирана на кој начин претседателот на комисијата за музичка сценска дејност, Васо Ристов делел пари за неговиот матичен факултет и за проектите и настаните на кои тој се јавува како организатор или дел од жирито.

Недозволиво е да се понижува и деградира културата за сметка на аматеризам и непрофесионализам. Културата не смее да биде поле за подлеба на влијание помеѓу коалициските партнери во власта.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикува да се повлече оваа скандалозна програма. Да се состават нови комисии за доделување на средства и да се изврши повторно прерасподелување.

Средствата за култура треба да завршат кај уметниците. Средствата за култура треба да се користат за развој и унапредување на културата. Културата не е и не смее да биде средство за намирување на коалициските интереси.

Роберт Алаѓозоски мора да понесе морална и политичка одговорност за хаосот кој го предизвика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *