Мицкоски: Заев ги загуби сите преговарачки позиции со Бугарија

Покрај стандардно лошото справување со пандемијата, власта економијата имаше дебакл на меѓународен план и една трговија со главните атрибути на еден народ, на една нација и на држава. Заев ги загуби сите преговарачки позиции со Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрристијан Мицкоски во емисијата „200“ на Алсат М Телевизија.

Мицкоски истакна дека ова сега се последиците поради погрешните политики на Заев, бидејќи опозицијата уште на самиот почеток го предупредуваше дека вакви циркус, акробатски политики не треба да се водат.

– Треба да се седне и да се разговара за стратегија, затоа што тоа го прават тие кои што седат на другата страна на масата за преговори. И цело време го предупредувавме дека брзоплети потези не се влеча, затоа што секој погрешен потег кога ќе го извлечете вие, можеби ќе совладате една препрека, но не гледате дека следните препреки стануваат се поголеми, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека затоа што еднаш кога ќе ја изгубите преговарачката позиција, особено кога преговарате со поголеми и помоќен, тогаш не треба да очекувате дека додека сте на масата за преговори ќе ја повратите.

– Затоа досега во овие 30 години ниту еден политичар не се дрзнал да го направи тоа то го направи зоран Заев, затоа што знаел дека на тој начин практично ги урива сите преговарачки позиции градени изминатите години и децении. На онаа втора средба во Клубот на пратеници кога тој велеше дека е спремен да води за Илинденска Македонија, го предупредивив на самата средба, но и надвор, немој да ги напушташт преговарачките позиции, ова е прв чекор кон тоа некој да прифати промена на Устав и ерга омнес. Затоа што следното ќе биде стапот, морковот кога ќе го земат ќе биде стапот. И тоа се случи. Сега кога вие ќе ја отворите малку Пандорината кутија што мислтие со останатите соседи, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека треба да се има предвид дека и другите соседи ќе сакаат уште повеќе да се отвори Пандорината кутија, имајќи предвид што зборувал Заев кога бил опозиционер во неговите лични контакти со тие политичар

Мицкоски: Правата катастрофална грешка е што Заев прифати формирање на комисија за историја, наместо реформи, втората грешка е што неговиот колега почна да преговара за бизниси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „200“ на Алсат М телевизија ги посочи двете клучни грешки кои ги направил премиерот Зоран Заев во преговорите со Бугарија тој вели дека тоа се што е прифатена комисија за историја наместо реформи, а другата грешка е преговарањето за бизниси.

– Првата грешка е кога е потпишан договорот во кој што практично критериум за напредокот на државата во рамките на Европската Унија и остварување на конечната цел било прифатено да се формира комисија која што ќе преговара и договара историски настани. И врз основа тие преговори и договори нашиот источен сосед ќе дава виза дали може ние да отвориме врата или се уште ќе биде затворена, вели Мицкоски.

Тој посочи дека Бугарија одлучува дали ќе бидеме дел од ЕУ заради личности од 1918 година или јазикот, а не затоа што ние сме направиле структурни реформи, за тоа што сме направиле европски вредности, за тоа што имаме добро образование, квалитетен здравствен систем, среќни земјоделци, млади кои наместо да се селат ќе остануваат тука.

– Кога седнал да го потпише договорот направил катастрофална грешка. Уште поголема е грешката е тој што седнал со колега негов, политичар да преговара за бизнис и тоа да е критериум дали Македонија ќе напредува и ќе стане дел од ЕУ. Сега доведени сме малтене чекор пред амбисот, не ги знаеме информациите, кажал Димитров не дава информации , страв му е не знаеме од што, имаме празна целина, нагласи Мицкоски.

Тој потецнираше дека ВМРО-ДПМНЕ најпрвин ќе го порази Заев и ќе направи влада во која што ќе дојдатт луѓе кои ќе се борат со компетенции и знаење и луѓе кои што немаат концесии.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *