Прогласувањето кризна состојба во цела држава најдоцна до утре вечер, најави Заев

Прогласувањето на кризна состојба на територија на целата држава би можело да се случи најдоцна утре вечер, а можеби и порано, најави денеска премиерот Зоран Заев откако Советот за безбедност и предложи на Владата тоа да го направи. Заев појасни дека прогласувањето на кризната состојба не е повразно со ограничување на движењето на граѓаните, туку со полесно менаџирање на сите ресурси во државата во справување со пандемијата поврзана од коронавирусот.

– Владата и институциите се целосно подготвени на овој чекор. Сега по носењето на одлуката на Советот за безбедност се враќам во Владата и ќе дадам наредби на Управувачкиот комитет кој треба во најбрз рок да предложи до Владата прогласување кризна состојба. Најдоцна утре вечер ќе одржиме седница на Владата. Ако бидат подготетвени сите институции од формално-правен аспект ние сме подготвени верчерва или  најдоцна утре вечер да прогласиме кризна состојба, рече заев во изјава по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.

Тој истакна дека иако засега не се размислува за полициски час или било какво затворање, тоа како можност не е исклучено.

– Тоа е во надлежност на Комисијата за заразни болести. Моја должност е да ги информирам граѓаните дека кризната состојба нема никаква врска со полициски час, таа не го регулира или ограничува движењето на граѓаните. Останува препораката по 21 часот да не се движиме освен ако имаме некоја неопходна потреба, да ги почитуваме сите мерки, особено оние за лична заштита. Очекуваме луѓето да ја почитуваат сама по себе кризната состојба. Кога се прогласува кризна состојба има дебели причини зошто тоа се прави, рече премиерот заев.

Тој појасни дека кризната состојба овозможува подобро менаџирање на сите ресурси.

– Кризната состојба му дава управувачки дел на Центарот за управување со кризи и директорот кој го води Централниот кризен штаб, а се формираат и општински и локални кризни штабови во сите 80 единици на локална самоуправа. Со самото тоа се добиваат дополнителни надлежности за управување со сите државни и приватни ресурси во државата кои беа споменати за да се искористат сите капацитети во државата. Зошто Советот ова го предложи затоа што менаџментот на кризата, бројките насочуваат кон потреба од менаџирање на физичките капацитети во болниците и човечки преку медицинскиот персонал. Наместо како досега само во јавното здравство ќе може да се располага и со приватното здраство со една единствена цел да имаме доволно и човечки и физички капацитети, односно легла болници и слично, рече Заев.

Тој потенцира дека во државата засега има слободни капацитети, а оти дополнително се ослободуваат уште  80.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *