Граѓаните го прославуваат историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација

По победата на македонската фудбалска репрезентација на натпреварот против Грузија и пласманот на европското првенство граѓаните во главниот град слават.

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите“ вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Пандев во 56. минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *