Османи ги прими акредитивите на новиот италијански амбасадор Андреа Силвестри

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Италија во земјава Андреа Силвестри.

Како што соопшти МНР, Османи, посакувајќи му успешна мисија на новиот италијански амбасадор, изрази задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји и увереност дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман, амбасадорот ќе даде значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.

Во таа смисла, Османи порача дека контунираната принципиелна поддршка на официјален Рим за европската перспектива на регионот и блиската традиционалната испреплетеност во многу сфери меѓу Северна Македонија и Италија, претставуваат фундамент на меѓусебните  врски.

Принципиелната поддршка на Италија ќе придонесе Северна Македонија да го реализира следниот значаен исчекор на својот европски пат, да ја одржи првата Меѓувладина конференција и формално да ги започне пристапните преговори до крајот на годината, е посочено на средбата.

Амбасадорот Силвестри искажа подготвеност да го продолжи градењето блиски релации преку континуирано зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес. 

Италија ќе продолжи гласно и активно да ја поддржува Северна Македонија на европскиот пат, нагласи Силвестри, упатувајќи порака дека неговата земја останува силен поборник за членство на сите земји од Западен Балкан во Европската унија. Амбасадорот оддаде признание за посветеноста на нашата земја во имплементирањето на европските стандарди и силната и одлучна посветеност на Владата за спроведување на реформската агенда, неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата, која тој очекува да биде валоризирана многу скоро  со одржувањето на Меѓувладината конференција.

Двајцата соговорници разменија мислења и за други актуелни прашања и состојби во регионот и на меѓународен план.

 

One thought on “Османи ги прими акредитивите на новиот италијански амбасадор Андреа Силвестри

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *