Младите клуѓе кои знаат што сакаат и имаат идеи мора да бидат дел од дебатата за иднината на Европа и за иднината на С. Македонија.
Ова го истакна евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите пред средбата со претставници на младите од различни институции и организации во Република Северна Македонија организирана во МНР во рамки на копретседавањето со Берлинскиот процес, а со цел размена на мислења и отворање на дискусија поврзани со младински политики и нивната инклузија во актуелни процеси на национално и регионално ниво.
-Младите знаат што сакаат и имаат многу идеи за можните решенија. Потребни ни се такви луѓе и мора да се осигураме дека тие ќе бидат дел од дискусиите кои ги имаме. Дел од тие дискусии беше и оваа иницијатива за заеднички регионален пазар, Тие исто така треба да бидат интегрирани во процесот на пристапување, во различните реформи кои што се спроведуваат и се формирани на еден различен начин за да имаат поголеми придобивки од нив во иднината. Ја имаме Иневстициската програма која што беше најавена на 7 октомври која е направена за справување со Ковид-19, но таа вклучува и многу други елементи,нагласи Гир
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како домаќин на средбата истакна дека Берлинскиот процес со кој земјата копретседава годинава заедно со Бугарија, има многу содржини, а една од нив која е многу важна е токму темата за младинската регионална соработка..
-Заедничка констатација е и се повеќе станува високо на агендата на ЕУ, потребата од инклузивност на младите во донесувањето на важните политички одлуки, меѓутоа и нивно вклучување во сите општестевни процеси, вклучувајќи ја и регионалната соработка,Регионалните иницијативи кои се случуваат во рамки на Берлиснкиот птроцес- – четирите слободи – слободното движење на луѓето, на производите, услуги е значиелна можност за младите да се најдат во овој нов заеднички пазар кој што го градиме и дека новата екононска иницијатива на ЕК од 9 милијарди евра ќе даде живот на ваквите регионлни иницијативи и младите да останат тука. рече Османи.
На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во РСМ, Aнгел Ангелов, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. Изјаснувањата на младите на денешниот состанок од различни институции и органзации и претствници на РИКО ќе се најдат во заклучните согледувања од самиот што ќе се одржи на 10 ноември во Софија
Местото и улогата на младите во регионалната соработка е нераскинлив дел од самиот почеток на Берлискиот процес и резултираше со отворање на Регионалната канцеларија за млади – РИКО во Тирана, а целта е младите да се вклучат во регионалните процеси, затоа што се препознаени како важен елемнт во надминување на предрасудите во регионот.
This article really resonated with me. The points made were compelling. Id love to hear more opinions. Check out my profile for more!