Историски факти за селото Велушина

Како и населението од повеќето села, и велувци го напуштаат рамничарскиот и плоден крај и бегаат в планина, зад ридиштата на кои денес се извишува манастирот Св. Ѓорѓи. Местово добива име Беџан (од бе-жан, бег, збег). Дека тоа требало да остане трајно пребивалиште го потврдува и фактот што овде е подигната и црква чии темели велувци и денес ги покажуваат. Меѓутоа, условите за живот што ги нудел Беџан биле далеку под нивото на поранешното место.

Плодотворното поле наполно било изгубено за подолг период. Кога приликите се стабилизирале и кога турската управа воспоставила нормални услови за посигурен живот и кога во Битола христијаните загочнале полека да се враќаат во своите домови, велувци започнале да слегуваат подолу, но се’ уште не во крајпатната населба. Следна населба што ја формираат првите преселници е Горна Маала, а потоа се формира третата населба.

Првиот податок за суштествувањето на Горна Маала е од 1641 год. Во еден турски документ со дату меѓу 12 и21 април истата година се говори дека горномаалци направиле парична позајмка од 2.000 акчиња. Оттогаш наваму се почесто е спомнувањето на горномаалци во разни судски документи. Формирањето. пак, на Долна Маала се случува меѓу 1466 и 1641 год., односно меѓу првиот попис и првиот документ што ја спомнува Горна Маала. Таа станува населба на десниот брег на Стара Река, најмногу од доселеници и бегалци од други места.

Затворените заедници какви што биле македонските села во минатото нерадо ги прифаќале новопројавените жители во нивната средина и тие долго време се третираат за туѓо тело кон кое се покажува и отворено непријателство. Морало да помине време доселениците да можат да се вклопат во општиот живот на селото и да учествуваат во заедничките акции, Но, антагонизмот меѓу двете заедници продолжил и понатаму и со векови и се манифестирал дури до нашиве дни, кога двете маали биле бројни со жители,

„Силната желба на велувцм да го придобијат и да го освојат она што го изгубиле некогаш, никогаш не згаснала. Така, се создале условите, кога тие со печалбата материјално закрепнувале и кога можеле да го повратат напуштеното земјиште, особено кога за багателна цена се продавале нивјето, ливадите и лозјата од иселените Турци, no балканските војни, особено по Првата светска војна, кога полека слегувале надолу, не со своите домови, ами со својот имот. Се случило да освојат толку простор, каков што немале никогаш, па стигнале дури до другиот пат што води од Битола кон Меџитлија”, велат браќата Марко и Петре.

2velusaВелушина

Што се однесува до податоците за населението на Велушина, тие се бројни и значајни и зборуваат за историскиот развој на ова село. Така, меѓу другото во книгата „Велушина” од д-р Александар Стерјовски се вели дека во првиот попис спроведен во 1468 год. регистрирано е дека Велушина имала 120 семејства, За еден век таа бројка побитно не се променила.

Во 1568 година Велушина имала 95 семејства. Во овој попис како жители од селото се јавуваат и 5 муслимански семејства. Според гописот во 1641 година Велушина имала само 36 куќи, со околу 200 жители. Причините за ваквиот пад се епидемичните болести кои го десеткувале населението, како и економскиот терор. Документите говорат дека велувци многу се задолжувале за да ги платат бројните даноци, а кога нив не можеле да ги подмират, едноставно, го напуштале селото во групи или поединечно и се преселувале во други региони.

Еден анонимен регистратор од 1881 година тврди дека селото имало 79 куќи, односно 423 жители и дека сите биле егзархисти. Ако се знае дека Велушина за сето време била под силното патријаршиско влијание, таквото тврдење станува неуверливо.

Стефан Верковиќ во својата ста-тистика наведува дека селото во 1889 година год. имало 77 куќи, или 547 жители, од кои 280 биле мажи, a 267 жени. Спиридон Гопчевиќ во 1890 год. регистрирал 423 жители тврдејќи дека сите до еден биле Срби. Во еден зборник од 1391 година се открива дека селото имало 120 куќи и дека cитe жители биле Бугари. Најинтересно е, сепак, мислењето на Г. С. Блант од 1897 год,, кој тврди дека во селото имало 118 куќи, односно 648 жители и дека сите биле Албанци.

3velusaСелскиот дом во Велушина 

He e познато од каде му се таквите податоци, кога се знае дека освен во еден кус период во XVII еек кога во селото имало само неколку муслимански семејства. никогаш немало и Албанци, освен во последните неколку години од XX век. Или, пак, заради фактот што одреден број семејства во Велушина биле дојдени од Албанија, како на пример семејството Јановци.

А, Крал во 1879 год., исто така, регистрирал 113 куќи со 860 жители. Смте, според него биле патријаршисти. И Васил Кнчов нуди приближни бројки. Според него селото имало 920 жители и тие, сосема очекувано, заради неговата национална припадност. биле Бугари.

Австриските претставници вo Македонија, користејќи туѓи статистики, наведуваат бројки што се приближни или исти на објавените. Според нив во времето на Илинденското востание Велушина имала 920 жители со тврдење дека сите биле христијани. Во 1905 година, пак, според една регистрација селото имало 880 жители, сите патријаршисти.

Потоа според пописите во 1914 год. кога Велушина е под српска власт имало 521 жител, во 1916 год. кога Велушина е под бугарска и германска окупација, селото имало 94 домови. односно 878 жители. Следната, 1917 год- селото имало 98 домови со вкупно 862 жители. Тој број рапидно се намалува со заминувањето на велувци во САД и Канада, кога во 1929 год. селото имале само 545 жители.

По ослободувањето Велушина е напредна и бројна насел6а. Во 1957 год, имало 195 домаќинства, а во еден период, според месните тврдења, бројката се искачила дури до 1.200 жители Македокци. Тоа е период што е единствен во неговата историја. Почетокот на 60-тите години значи почеток на брз пад на бројот на населението. Така, во 1961 год, селото броело 945 жители, а во 1994 год, има само 145, од кои 120 биле Македонци. десет Срби, осум Албанцм и двајца Роми.

Продолжува

4velusa

Пишува: 

СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *