Монографијата „Јановски“ како дел од македонската иселеничка историја

Монографијата „Јановски“ е дело за познатото семејство од Канада, чии дедовски корени се од селото Велушина, Битолско. Таа е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2002, на 226 страници, на македонски и англиски, чиј автор е публицистот Славе Николовски-Катин. Монографијата е документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Македонија и во Канада. Таа опфаќа три генерации: постарата (родителите), средната (браќата) и најмладата (нивиите потомци).

Монографијата, главно, е наменета за идните нивни генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат во Канада, со цел да не ги заборават сопствените корени. Затоа, овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и историјата на семејсгвото Јановци со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа.

Извори на лодатоците за книгата се браќата Петре, Марко и Васил, нивниге роднини и пријателм, особено нивниот роднина Алексо Јановски од Битола, како и бројната историска литература.

Можеби оваа книга, кога ќе дојде во рацете на идните канадски потомци на Јановци, ќе го поттикие нивниот интерес за племето стројни и горди Маке-донци растурени no  светот.

Можеби таа ќе ги мотивира ќе ги стимулира тие да дојдат во Македонија, да застаиат за миг пред портите на убавите куќи на нивните предци во Велушина, но и да се подразмислат за вистинското значење на една порака на старите Римјани: ubi bene, ubi patria (каде што ми е убаво, таму ми е татковината).

4.0.4

Можеби оваа монографија барем малку ќе ги потсети луѓето дека не треба. да робуваат на историските околности и дека понекогаш и самите тие треба да ја земат сопствената судбина во свои раце! Како што тоа го направија браќата Јановски!

Инаку, ова е моногравско дело за семејството Јановци од Велушина, Маке-донија. Ако некој историчар бара оригинална македонска фамилија, со сите карактеристики на национален, културен и верски ллан, подобар избор од Јановци, веројатно, нема да најде. Зашто историјата и генезата на ова македонско семејство фактички е дел од историјата на Македонија, со сите нејзини голготи низ вековите.

Сликата за семејството Јановски е лика и прилика за оваа наша земја страдалничка. Поради тоа и не случајно во Библијата и други древни документи Македонија се споменува како библис-ка земја. Сите што ја опишале нејзината постара и понова историја се фасцинирани од неа. Затоа со право се вели дека Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавини, со природа каква што само Господ може да создаде. Велушина е најдобар пример за тоа.

Фактот дека Македонецот, и покрај сите обиди за негова асимилација на овие прсктори. се одржал и опстојувал покажува дека овој народ: како библиски, успеал да се спротивстави и да ги   издржи   сите   освојувања, угнетувања и негирања, Зошто? Затоа што Македонија е единствената земја со подолга и постара историја од кој било народ во светот.

Нејзиниот корен се античките Македонци, а нејзините водачи Филип и Александар Македонски. Од нивното време, преку владеењето на Pим и Виза-тија, но и преку големите миграции на југ, отоманскиот и другите периоди, Македонија секогаш била меѓник и крстопат на различни цивилизации, култури. јазици и религии на разни нивоа. Непобитен е фактот дека Европа, која беше потоната во мрак, ја осветлуваше факелот на македонската култура, Охридскиот универзитет на Климента и неговите ученици, како претставници на најстарата цивилизација на континентот.

4.0.5

Од сите изнесени причини, во текот на овој долг и богат временски период, само два народа имаат право да се наречат Македонци: античките и сегашните Македонци, кои денес живеат на просторот на етничка Македонија, но и на сите континенти.

Македонија како географски регион зазема дел од Балканскиот Полуостров, кој на север се граничи со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогоеските и Рилските Планини. На исток се протега до западниот дел на Родопите и до реката Места, а на југ до Егејското Mope и реката Бистрица. На запад се граничи со планините Кораб. Јабланица, Мокра и Пинд.

Вкупната нејзина територија изнесува 67.741 квадратни километри, од кои 25.441 квадратни километри зафаќа денес Република Македонија, 31.153 квадратни километри Егејска и 8.147 квадратни километри Пиринска Македонија. Тие се наоѓаат во рамките на Грција и Бугарија, а еден помал дел, Мала Преспа во Албанија. На целиот македонски простор, во почетокот на XX век. некаде пред Илинденското востание, според некои странски историски извори, живееле преку 7 милиони Македонци.

Продолжува

 1SKK

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *