Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржат од гласање по Законот за заштита од заразни болести

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека пратениците од неговата партија ќе присуствуваат на седницата на чиј дневен ред ќе биде Закон за заштита од заразни болести, предвидена за 27 октомври, но дека ќе гласаат воздржано за законскиот предлог.

– Самиот Закон за заштита од заразни болести не нуди решенија, односно мерки кои ги очекуваат граѓаните, туку тие треба да ги достави Владата. Во самиот вовед на Законот пишува дека се наметнува потреба за ревидирање на прекршочните одредби од Законот за заштита на населението од заразни болести, што е сосема поразлично од она што го кажува изминатите два дена министерот за здравство Венко Филипче, рече Мицевски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ дури побарала седница за овој Закон да се одржи вчера или денеска, посочувајќи дека поголем број од пратениците веќе биле во собраниската зграда поради комисиската расправа за ребалансот.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки, изјави координаторот на пратеничката група на опозициската партија.

Дополнително на она што досега го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ во однос на мерките за справување со коронавирусот е формирање на државна комисија за заштита од населението.

Според него, зголемувањето на бројките на заболени и починати од Ковид-19 преттсавува „фијаско на владините здравствени политики“.

За Декларацијата осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, штоја поднесе Левица, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе се изјасни, бидејќи се уште не ја разгледале, а очекувањата на Мицевски, како што рече, во однос на изјавите на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов се дека првенствено Владата треба да се изјасни за нив.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *