Меркел: Спорот со името треба да се реши, притисокот врз процесот не носи корист

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не се влијае позитивно, ако се врши притисок, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференцијата со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин.

– Спорот меѓу Македонија и Грција треба да биде решен, притисокот во преговорите не носи корист. Имам впечаток дека двете страни  по долго време имаат интерес за решавање на спорот. Тоа е добар предуслов, рече Меркел, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали на средбата со Заев се разговарало за спорот со Грција и дали истото прашање било тема на вчерашниот телефонски разговор со Алексис Ципрас.

Таа напомена дека и двете страни се однесуваат одговорно во обновените преговори и оти и Грција и Македонија знаат што можат да дадат за да се постигне компромист. Компромисите се секогаш болни, но и неопходни, рече Меркел.

–  Тоа е дипломатска уметност и за тоа не треба да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати. Верувам дека јавните изјави повеќе може да му наштетат, отколку да му користат на процесот, додаде германската канцеларка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *