Уставен поведе постапка за член од Законот за минималната плата

Уставниот суд на денешната седница ја оценуваше уставноста на одредби од Законот за минимална плата во Република Македонија.

Притоа, Судот поведе постапка и изрази сомнеж за уставноста на член 2, став 1 во делот „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија.

Судот изрази сомнеж на овие законски одредби од аспект на владеењето на правото.

Подносител на иницијативата е Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) застапувани од адвокат Димитар Петровски. Тие сметаат дека „нормираниот учинок“ треба да се тргне од овој Закон за минимална плата, затоа што овој закон решава минимална плата, додека нормираниот учинок треба да се регулира со Колективниот договор на ниво на работодавачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *