Средба на министерот Бочварски со холандскиот амбасадор Јан Коп

Капиталните инвестиции, особено во делот на изградба и модернизација на патната и железничката инфраструктура и процесот на гасификација на земјата биле тема на разговор на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, информираат од Министерството за транспорт и врски.

На средбата Бочварски, како што информираат, ги презентирал стратешките планови на Министерството за унапредување на транспортот, зголемување на економската соработка на државата со земјите од ЕУ и нејзино регионално поврзување.

Тој  потенцирал дека Владата и понатаму останува фокусирана на врвниот приоритет, а тоа е членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.

– Имав одлична прилика да разговарам со Амбасадорот Јан Коп за сите крупни капитални проекти што ги реализираме во нашата држава, а се од огромно значење за интеграција на Република Северна Македонија. Ги истакнав реформите што ги спроведуваме во делот на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, како и сите активности што ги преземаме со цел да ги ублажиме последиците од Ковид-кризата и да ја стимулираме домашната економија. Исто така, во текот на средбата разговаравме и за стратешките проекти на Министерството за транспорт и врски за олеснување на транспортот на стоки, интензивирање на економската соработка со земјите од ЕУ, како и модернизацијата на патната инфраструктура и целокупниот транспортен систем во државата, изјави Бочварски, се вели во соопштението.

Бочварски, исто така, изразил благодарност за досегашната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Кралството Холандија, со подготвеност за зголемување на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските односи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *