Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на поставени прашања во врска со Комисијата за заразни болести, како ја оценува состојбата со коронавирусот, како и тоа дали смета дека од Владата може да се справи со ситуацијата на денешниот Live chat, вели дека доколку членовите на Комисијата за заразни болести имаат доблест и морал ќе си поднесат колективна оставка, но како што рече тој, тие продолжуваат да ги бројат бедните пари кои што ги земаат на грбот на здравјето на граѓаните и му слугуваат на погрешните и погубни политики на Зоран Заев.
-Не може оваа Комисија за заразни болести да најде решение и тоа е очигледно. Повеќе од 7 месеци предвидуваат дека 2000 луѓе ќе имаме инфицирани, а ние веќе имаме повеќе од 20.000 инфицирани, само во една недела имаме повеќе од 2000 инфицирани, секојдневно имаме бројка на луѓе која што го губи својот живот, за жал, поради лошите и погрешни политики и мерки кои ги носи оваа политизирана Комисија за заразни болести и мене ме чуди упорноста што во овие 7 месеци ја имаат тие луѓе за беден хонорар, наместо да се соочат со јавноста и да поднесат самите оставка, народот ги повикува да поднесат оставка и упорно и упорно се држат до тој нивен беден хонорар, до тие бедни денари кои што ги земаат на грбот на здравјето на граѓаните. Дел од нив ми се и колеги, универзитетски професори и единствено нешто што можам да кажам е дека треба да им е срам за тоа што го прават затоа што се богатат на здравјето на граѓаните. Барем малку треба да имаат доблест, чести и честитост и кога ќе видат дека не се успешни во тоа што го прават, наместо да ги бројат бедните пари кои што ги зимаат од даночните обврзници да си дадат оставка. Малку моралот еднаш да биде пред и над лукративноста, вели Мицкоски и додава:
За жал до овој момент тие луѓе не само што немаат намера да поднесат колективна оставка, туку продолжуваат да му слугуваат на Зоран Заев во погрешните политики, а тоа нас не чини секојдневно со 400-тини, 500-тини новозаразени, и со нови 5,6,8, 10, 12 луѓе починати.
Во врска со онлајн седниците во Собранието, Мицкоски посочи дека тоа е спротивно на Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи такво решение.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи онлајн седници на собранието. Тоа е спротивно на Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи кршење на Уставот. Во случај кога имаме формирано Влада, во случај кога имаме владино мнозинство тие се должни да обезбедат кворум за работа од вкупниот број на пратеници. Во случајот тоа е 61 и во ваков случај тие се тие што треба да обезбедат функционалност на законодавниот дом, а не да бараат начин како да ја заобиколат таа функционалност. Така што во случајот јасно и гласно кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го крши Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи онлајн седници во собранието – објасни Мицкоски.
Во врска со изборниот процес за престојните избори во градот Штип, Мицкоски порача дека доколку ВМРО-ДПМНЕ почувствува дека на било каков начин демократијата во изборниот процес се изолира, тогаш ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема по втор пат да учествува во изборни лакрдии, односно нема да даде легитимитет на таквите избори.
– Партиските структури се мотивирани и секојдневно се неформално помеѓу граѓаните, се доекипираат и местните комитети кои веќе се во функција, а тоа значи дека следи голем дебакл на СДСМ во Штип и превземање на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на овие локални избори во Штип, ВМРО-ДПМНЕ ќе има кандидат кој повеќе од сигурно е дека ќе издвојува убедлива победа, која ќе биде предвесник на победите кои следат и на локално и на централно ниво, потенцираше претседателот Мицкоски на вечерашниот Live chat.
Fantastic insights! Your perspective is very refreshing. For more details on this topic, visit: EXPLORE FURTHER. What do others think?