Шефот на Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе го посети Дебар како дел од кампањата „ЕУ за тебе“.
Кампањата има за цел да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта од ЕУ за земјата.
Во Дебар, амбасадорот ќе го посети Центарот за социјални работи, новоизградениот пат до Бањиште и пешачката патека долж Дебарското езеро, за кои беше добиена помош од Европската унија, соопшти Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Дебар е една од 18 општини ширум земјата кои добиваат средства од ЕУ за адаптација и модернизација на центрите за социјални работи. Главната цел на овој проект беше да се подобрат работните услови и квалитетот на услуги за граѓаните.
Insightful read! I found your perspective very engaging. For more detailed information, visit: READ MORE. Eager to see what others have to say!