85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ
Параклисот „Света Богодица и Спасистелот Исус Христос“ е е посветен за спомен и упокој на душите на корените на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Mакедонски, на кого е посветено ова монографско дело. Имено, тој е градителот на ова параклиса која е посветена на неговата прабабата Јонка (Јованка), дедото Петко и на родителите Делче и Рафка.
Според зборовите на Гојко нетреба да се заборава дека стариот ктиторски принцип на даренијата означуваат длабока почит и молитви на приложениците кон старите македонски светилишта и поклонение кон светите традиции на Македонска православна црква – Охридската архиепископиј. Треба да се нагласи дека донацијата кон една црква не претставува сопственост на Божјиот храм, туку молитва за спас на донаторот. Ктиторскиот дар означува поклонение, а не поседување.
Така, во текстот под наслов „ПРАБАБАТА ЈОНКА ЈА ПРОДОЛЖИ ЛОЗАТА НА ЈАКОВЛЕСКИ“, се вели дека овој параклис го посветувам на Мајката Божја и на нашиот Спасител, Исус Христос, за спомен и упокој на душите на прабаба ми Јонка (Јованка), дедо ми Петко и на родителите Делче и Рафка. Осознавањето за доброчинството што го правеле предците човекот го дознава откако ќе созрее, за жал, во поодминати години. И тогаш сака да ги намири долговите: за добрината, за храброста, за истрајноста, за натчовечките напори што ги чинеле за опстојување и продолжување на семејната лоза.
Тоа го правела мојата прабаба Јованка, а ние, нејзините внуци, нагалено и се обраќавме „бабо Јонке”, додека роднините и соседите – Манојлица. Потекнуваше од Ново Село, што се наоѓа над моето родно село Зубовце, а се омажила за прадедо ми Маноил. Каква среќа за нашата лоза! За нашата фамилија! Со прадедо ми Маноил сте имале два сина, близнаци – Паскал и Паиси, кои умираат мали, а сте имале и две ќерки – Ваксима и Ленка, мои тетки, кои ги паметам. Живееја долго, остареа. Го имавте и синот Петко, мој дедо, татко на тетка ми Васка (Василка), стрико ми-тате Јорде и татко ми Делче. Бабо Јонке, прости ми! Во детството и потоа не сум можел да осознаам каква баба си била, каква храбра жена!
Кога ја пишувам посветата и благодарноста, за неколку месеци ќе наполнам 80 години. Доживувам длабока старост, благодарение на Тебе и на мајка ми Рафка. Како детуле, сум имал настинка, од висока температура сум изгубил сознание, сте стравувале дали ќе ја преживеам или не болеста! Токму Вие, двете, секој ден сте го палеле кандилото пред иконата на света Марија, со својот син Христос во рацете, сте се молеле за мое здравје, да ја пребродам кризата.
Господ, бабо Манојлице, ги чул вашите молби, а за возврат сте ме ветиле да слугувам една година во Бигорскиот манастир – ,,Свети Јован Крстител”. Бабо, син ти Петко имал три деца – Васка, Јорде и татко ми Делче. Дедо Петко работел на фурна, во Цариград (Станбол), богат и многу убав град, со богата историја, заедно со својот прв братучед Јане, син од прастрико, а твојот сопруг, прадедо Маноил, бил умрен. Според нашите сознанија, си била родена во периодот меѓу 1872 и 1874 година, а си починала, по кажувањето на мајка ми, во мај 1951 година.
Ти како да си била создадена од челик! Кога дедо Петко неколку години не доаѓал дома да си ги види трите малолетни деца и сопругата, се осмелуваш и заминуваш со трите деца и со снаата, со коњска кола, за Солун, а потоа со брод за Цариград ! Во тие мигови не си била свесна каков подвиг правиш! Ти си легенда и вечно остануваш во нашите души на големата лоза- Ј аковлеска како почитувана баба! Јас, бабо Манојлице, на седумгодишна возраст заминав во Софија, кај стрико ми Јорде и стрина ми Ј ордеица, а во Зубовце доаѓав за време на летната ваканција.
Те паметам. Одеше малку подгрбавена и постојано се движеше. Прости ми, бабо, во !ие детски години не сум можел да сфатам каква личност беше, каква жена, каков Јунак, како си можела да ги издржиш сите тешкотии и маки што ги носел животот. Како си издржала кога си пристигнала во Стамбол и кога си дознала дека твојот син Петко бил умрен и погреба~. Срцето ти било скршено, сама со трите внучиња и со невестата Петкоица во туѓина. Трагедијата да биде уште поголема, таа, потоа, ти ги оставила внучињата и се премажила во Волковија.
За ова што ти си го преживеала, длабоко ти се поклонувам, неизмерно сум ти благодарен, бидејќи со твојата мудрост и храброст си ја спасила нашата лоза, која широко е распространета благодарение на тебе. Бабо, ти си легенда! Татко ми, мајка ми, стрико ми Јорде, многу ми раскажуваа за тебе. Но, порано не сум можел да го разберам тоа, да го сфатам, еум бил дете. Секогаш кога се потсетувам на твојот живот, на твојата храброст, с.р цето ми трепери и солзи м. и течат поради твоите маки што си ги доживеала и за твоЈата човечност на голема маЈка. Бабо, си сакала да се удавиш во Мраморно Море, бидејќи твојата тага и болка биле неизмерни за синот Петко.
Меѓутоа, твоето големо срце и душа, твојот разум, не ти дозволиле да го направиш тоа. Си имала голема одговорност кон твоите мили внучиња – Васка, Јорде и Делче, кои останале сираци, без татко, а тагата да биде поголема, ги оставила и маЈка им. Ти си била и за вечност остануваш легенда. Многу сум ти благодарен за се што направи за нашата лоза. Кога ти било најтешко, си била најсилна!
Го жениш стрико ми Јорде на 18 години со Филка од с. Пожаране, а татко ми Делче на 20 години со Рафка од с. Куново. Со тоа бабо ја спасуваш нашата лоза. Ти благодарам, бабо, и длабоко ти се поклонувам! ! ! Овој споменик вечно ќе го живее споменот за Тебе, бабо Јонке.
Со голема почит, споменикот го подигнува
ГОЈКО ДЕЛЧЕВ РАФКИН
ЛЕТО ГОСПОДОВО 2014
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН