Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда реваншизам и насилство на мафијата на Заев.
Тој преку прашања наведува повеќе работи за кои истакнува дека одговор е протест.
-Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија? -Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев -Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата -Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види. Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија. Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат. Кога судството го штити криминало. Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово. Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард. Одговорот на сето ова е протест. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев, стои во објавата.