Пендаровски со писмо до Вартоломеј: Употребете го своето апелационо право, нашите граѓани од православна христијанска вероисповед да бидат еднакви со другите во светот

Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, истакна претседателот Стево Пендаровски во писмото кое го упати до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година.

-Ми претставува особена чест да Ви се обратам и да ги изразам своите срдечни желби по повод почетокот на Новата црковна година. Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, вели Пендаровски.

Како претседател го информира Вартоломеј дека како држава, изминативе три години, „решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања“.

-Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот, напиша шефот на државата.

-Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет, додаде тој во писмото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *