Османи ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Цакај

Министерот за надворешни работи Бујар Османи  денеска ќе има  билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието  Талат Џафери, од претседателот на Владата на Зоран Заев и од други високи претставници на државата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *