„Библискиот речник“: од Вавилон – на еврејски Бабел – вратата на Бога, до Витезда – дом на милосрдието

Во ова продолжение за читателите  ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините… кои се во „Библискиот речник“: од Вавилон – на еврејски Бабел – вратата на Бога, до Витезда – дом на милосрдието, бања, односно купатило во Ерусалим

Вавилон – на еврејски Бабел – врата на Бога, во 1 Мој 11,9 зборот ,,6алал” значи .,помешува”. Главен град на Халдеја, голем и древен град. Го изградил Нимрод, на местото на Вавилонската кула, на брегот на Еуфрат, 88 км јужно од Портата на вавипон која го чувала северниот влез на градот од Багдад. Најрано се сломнува на една таблица со клинесто писмо, од околу 2700 г. пр. И.Х. За неговата слава најмногу придонел царот Навуходоносор II, кој владеел во периодот од 604-562г. пр. И.Х. Во тој период Вавилон станал престолнина на големо царство. Царството пропаднало по нанесениот пораз од Персијците. Во Библијата Вавилон се спомнува во негативен контекст: во СЗ симбол на непријателската светска сила во однос на Бог (2 Мој 13,1), а во НЗ се спомнува во Откр14,8; 17,5. Во Вавилон завршил и младиот живот на Александар Македонски

Вавилонија – стара држава во плодната рамнина, наводнувана од водите на реките Тигар и Еуфрат. Во најраната историја била поделена на Акад и Сумер. Се’ додека на власт не дошол царот Саргон! (235г.пр.ИХ), градовите држави Ерех, Ур, Ериду, Лагаш, Ума и Нипур се бореле за превласт. Познатиот цар Хамураби (1792-1750г.пр.И.Х.) ги обединил семитските и несемитските народи и им го дал прочуениот ,,Хамурабиев законик”. Престолнината ја преместил во Вавилон. Најпознат владетел на Вавилонија бил Навуходоносор. После неговата смрт, опаднала моќта на неговата држава.

Вавилонска кула – слоред 1 Мој 11, градба што ја започнале луѓето со цел да ја изградат до небото. Но Бог им го оневозможил планот, со тоа што им ги помешал јазиците и не можеле повеќе да се разберат меѓу себе. Приказната настојува да објасни како дошло до појава на различни јазици и говори кај различни племиња и народи.

Вавилонско ропство – со поразот од страна на Вавилонците во 597г. и во 586г. пр. И.Х., голем број Евреи биле заробени и одведени во ропство во Вавилон, каде останале 50 години. Притоа Ерусалим бил разрушен. Повеќето од заробените Евреи биле од Јудеја и Ерусалим. За време на ропството, во сиромашните места, поготово во Самарија почнале да се населуваат нееврејски народи, подоцна се наречени Самарјани. Персискиот цар Кир го поразил Вавилон во 539г. пр.И.Х. и им дозволил на Евреите да се вратат во својата земја. Со негова дозвола повратниците го обновиле Храмот. Но голем број од Евреите повеќе сакале да останат во Вавилон.

2.4.9 

Перискиот цар Херкес

Валаам-претскажувач, не бил Евреин, кога моавскиот цар Валак го замолил да ги проколне Израелците, Бог го присилил да ги благослови. Покасно бил во искушение да го проколне Израел, а загинал борејќи се заедно со Мидјаните.

Валтазар – (Вавил, заштити му го жиаотот), вавилонски војсководец одбв. пр.И.Х. Ја организирал одбраната на Вавилон од персискиот цар Кир. Во книгата на пророкот Даниил, во 5 глава, се меша со Набонид, бидејќи Валтазар никогаш не бил вавилонски цар, ниту пак бил син на Навуходоносор.

Вар (бар) – на арамејски син. Се содржи во многу имиња, на пример Вартимеј значи Тимеев син, Варава – татков син, односно син на Ана.

Варава – татков син, разбојник и убиец, кого на инсистирање на насобраната толпа народ Пилат го ослободил, за време на судењето на Исус (Мт 27,15-26; Мк 15,6-15; Мк 15,6-15; Јн 8,39).

Варварин – дивјак или туѓинец, оној кој не е член на својата национална, религиска или културна група (Дап 28,4; 1 Кор 14,11), а посебно оној кој не бил Елин (Рим 1,14). Меѓутоа зборот не се користел во негативна конотација како денес.

Варнава – Син на утехата, Христов следбеник, се спомнува во Дап 4,36. Левит, роден на Кипар и пријател на апостолот Павле, кого и го следел на неговото Прво мисиско патување. Бил значајна личност на раната Црква (Дап 11 -15).

Вартимеј – Син Тимеев, слепиот просјак кого Христос го исцелил, заради неговата голема вера, во близината на Ерихон (Мк 10,46).

Вартоломеј – Син Толомеев, еден од Дванаесетте апостоли. Матеј, Марко и Лука го спомнуваат заедно со Филип; во Јовановото евангелие е наречен Натанаил. Можеби се мисли на истата личност од Мт 10,3. Го ширел Евангелието во Индија, Арабија и Ерменија, каде бил распнат со главата надолу.

Варух – благословен или нека е благословен, помошник и прмјател на пророкот Еремија (Ер32).

Варухова книга – девтероканонска книга од СЗ. Напишана е со алегориски јазик.

Васан – област сместена источно од Јордан, што ја освоиле Израелците под водство на Мојсеј (4 Мој 32,33); позната во стари времиња по дабовите и стоката.

Ват – мерка за течност, околу 37 литри (Ис 5,10).

Ведро – мерка за течност, од неколку литри (1 Олит) (Јв 2,6).

Вел – бог на земјата и воздухот, еден од главните вавилонски богови.

Велзевул – кнез на демоните (Мт 12,24), Во буквален превод бог на мувите (2 Цар 1,2-3), што и бил за Филистејците, кои му се поклонувале, Книжниците и фарисеите го обвинувале Христос дека ги изгонува демоните со силата на Велзевул (Мт 9,34; 10,25; 12,24). Христовиот одговор на тие оптужби е даден во Мт 12,25-33.

Велиар – Сатана, извор на секое зло (2Кор6,15).

Венец – се давал како награда на древните игри како симбол на победата и радоста, а го носеле и римските владетели. Кога Христос бил распнат на крстот, на главата Му ставиле трнов венец, како знак на исмејување на значењето на самиот венец (Јв 19,2).

Венијамин – син на десната рака, син на југот или среќата, најмлад син на Јаков, чија мајка била Рахила. Роден е во Витлеем. Од него потекнува племето Венијаминово, кое било многу воинствено, потомци негови биле царот Саул и апостолот Павле (1 Мој 35,16-19).

Вет – префикс во еврејскиот јазик, со значење на куќа; пр. Ветел (Ветил) = Божји дом (1 Мој 12,8).

Ветил – Божји дом, град на 18 км северно од Ерусалим, место каде Аврам изградил жртвеник, а Јаков имал видение. Името му го дал Јаков. Царот Ровоам (932-911) овде изградил светилиште поставувајќи златно теле (1 Цар 12,29), како противтежа на Ерусалим во северното царство. Едно време во него бил чуван Ковчегот на заветот (Суд 20,27). Царот Јосија го срушил градот, зашто во негово време станал центар на идолопоклонството(2 Цар 23,15).

2.5.0

Ветил – Божјиот дом

Вечера – Евреите имале строго пропишани правила и поединости за секое обедување, а посебно за празничните и пасхалните вечери.

Вечера Господна – (причест, Тајната вечера), последното обедување на Исус Христос со учениците, додека ја јаделе пасхалната вечера во „горната” соба, еден ден пред Неговата смрт (Лк 22,7-13). Во текот на вечерата Исус откако заблагодари за лебот и виното, им ги подели на учениците велејќи: ,,Ова е Моето тело што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!…Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв која се пролива за вас. “Првите христијани почнале да ја практикуваат Господната Вечера во Ерусалимската црква. Основ на денешната Причест, Евхаристија.

Виделина – светлина.

Вино – додека Господ Исус Христос беше распнат на крстот, некои од присутните Му дадоа да пие вино помешано со измирна,

Вирсавеја – извор на заклетвата, град на јужната граница на Израел,каде Аврам и Авимелех склучиле сојуз (1 Мој 21,22-32). Место каде Аврам ископал бунар, а пророкот Илија барал спас од осветата на Језавела. Денес на тоа место можат да се видат три извори и остатоци од други извори. (1 Цар 19,3).

Вирсавеја (Бет-Шева) – жена на Уриј Хетиецот; Давид ја здогледал додека се капела и ја зел во својот дом додека мажот и бил отсутен. Кога забременила, го пратил нејзиниот маж во првите борбени редови, и така бил убиен. Тогаш Давид ја зел за жена и ја поставил за царица. Но Бог го казнил: детето што го родила, по неколку дена умрело. Вирсавија е мајка на царот Соломон (2.Сам 11,12).

Високо место  –  рид на  кој многубошците граделе олтари и светилишта и им се поклонувале  на идолите. Понекогаш тоа го правеле и Евреите и тогаш пророците остро проповедале против скршнувањето од вистинскиот Бог (1 Цар11,7).

Витанија -куќа на сиромашните, дом на бедага, село на исток од Маслинската Гора, на 2 км од Ерусалим, на патот кон Ерихон. Христос таму имал пријатели, Лазар и неговите сестри Марија и Марта, и често ги посетувал (Лк 10,38; Јв 11,1.18). Таму го воскреснал Лазар, неколку дена по неговата смрт. После свеченото влегување во Ерусалим, Исус таму се повлекол и ја поминал ноќта (Мт 21,17). Тука дошол шест дена пред Пасхата(Јв12,1).

Витезда – дом на милосрдието, бања, односно купатило во Ерусалим, близу до Овчата порта, напојувано од извори. Преку подземни канали оттаму водата се одведувала до храмот. Се верувало дека водата е лековита, односно дека ангел Господов повремено ја разбранува водата, па затоа таму постојано имало многу болни, сакати, слепи луѓе. (Јв 5,2-9).

Продолжува

0.0.0  6G

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *