Маричиќ – Габер: Академијата за судии и јавни обвинители ќе биде носител на промените во правосудството

Подготовките на Академијата за судии и јавни обвинители и започнувањето на обуката на VII генерација слушатели на Академијата, која оваа година ќе се одвива во услови на Ковид-19, била тема на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ и директорката на Академијата, Наташа Габер-Дамјановска.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало и околу новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е исклучително важен закон за владеењето на правото и независноста на правосудните органи, имајќи предвид дека Академијата за судии и јавни обвинители е портата за влез во правосудството.

Министерот Маричиќ истакнал дека станува збор за суштински значаен закон кој треба да овозможи влез на нова и силна генерација на слушатели на Академијата која треба да биде носител на промените во правосудството.

Со директорката Габер, министерот Маричиќ дискутирал и околу подобрување на функционалноста на Академијата за судии и јавни обвинители и создавањето посовремени услови за слушателите на обуката.

Основна цел на Законот е ревидирање на начинот на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *