На втора седница на Владата беа врачени мандатните писма на министрите, донесени се измени и дополнувања на Деловникот за работа кои се однесуваат на прецизирање на надлежностите на Првиот заменик на Претседателот и дадена е согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје за отпочнување на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Северна Македонија, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.
Како што соопшти владидната прес-служба, по утврдувањето на дневниот ред, премиерот Заев на министрите и министерките им ги предаде мандатните писма со утврдена мисија и задачи во нивниот четиригодишен мандат.
На својата втора седница, членовите на Владата ги прифатија измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата. Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите.
-Предвидено е, Претседателот на Владата да го заменува Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш Претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи, се наведува во соопштението од Владата.
Според дополнувањата, на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.
Како што се наведува, првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на Претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти Претседателот на Владата. Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на Претседателот на Владата го известуваат Претседателот на Владата за извршување и спроведување на работите.
Измените и дополнувањата се однесуваат и на подготвувањето и доставувањето на материјалите за разгледување на седниците на Владата, нивното разгледување и процесот на нивно утврдување.
На барање на Собранието на акционери на АД „Пошта на Северна Македонија“, Владата на Република Северна Македонија ѝ даде согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје за отпочнување на постапка на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на Република Северна Македонија, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.
На предлог на Министерството за образование и наука, како што се посочува, денеска беа разгледани и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното и средното образование, кои ќе бидат доставени до Собранието. Предложените законски одредби обезбедуваат безбедна училишна средина за сите инволвирани во воспитно-образовниот процес во училиштата како учениците, наставниците и друг ненаставен кадар и родители, преку подготвен кадар за следното: како да се одржува хигиена и дезинфекција, да се организира движењето на учениците, да се распореди мебелот во училницата за да ја има потребната дистанца помеѓу учениците од најмалку 1,5 метар, организиран надзор од страна на наставниците, стручните соработници и административно-технички кадар, согласно препораките дадени од Министерството за здравство-Комисијата за заразни болести во врска со мерките за превенција и контрола на КОВИД-19, се посочува во соопштението.
На предлог на истото Министерство, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на феријалната практика и практичната настава во средните стручни училишта во учебната 2020/2021 година и ги разгледа и усвои дополнителните исклучоци во наставата од далечина за феријалната практика и учење преку работа кај работодавач и практична настава во стручното образование да се одвива со физичко присуство на учениците. Исто така беа усвоени и Протоколите за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Македонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство, секторот земјоделие, рибарство и ветерина, секторот хемија и технологија и секторот лични услуги со задолжување, Министерството за образование и наука да ги извести средните стручни училишта за реализацијата на феријалната практика и практичната настава, наведува во соопштението владината прес-служба.
Министерството за труд и социјална политика, ја предложи, а Владата ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детски градинки/центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД- 19, со препорака на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или да адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот. Исто така на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание на деца, се препорачува да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата- КОВИД -19 доколку градинката има потреба за непречено функционирање, се наведува во соопштението.
На денешната седница, Владата ја донесе Одлуката, министерот за финансии Фатмир Бесими да биде именуван за гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој. Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за именување на гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2019 година.
Great mix of humor and insight! For additional info, click here: READ MORE. Any thoughts?
casibom giris: casibom guncel giris – casibom giris adresi
casibom guncel
sildenafilo 50 mg comprar online: Viagra sildenafilo – comprar sildenafilo cinfa 100 mg espaГ±a
farmacia online madrid: Comprar Cialis sin receta – farmacia en casa online descuento
farmacia online madrid: farmacia online envio gratis valencia – farmacia online envГo gratis
miglior sito per comprare viagra online: viagra prezzo – pillole per erezione in farmacia senza ricetta
comprare farmaci online all’estero: Cialis generico prezzo – farmacie online affidabili
farmacie online autorizzate elenco: Farmacie che vendono Cialis senza ricetta – Farmacia online piГ№ conveniente
farmacia online senza ricetta: Ibuprofene 600 generico prezzo – farmacie online affidabili
farmaci senza ricetta elenco: Tadalafil generico migliore – Farmacia online miglior prezzo
order ventolin from canada no prescription: buy Ventolin – ventolin for sale online
rybelsus generic: rybelsus – buy rybelsus
ventolin prices in canada: Ventolin inhaler – generic ventolin
Online medicine home delivery: mail order pharmacy india – top online pharmacy india
best online pharmacies in mexico: medication from mexico – buying prescription drugs in mexico online