СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ја реконструира Универзална сала

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за Универзална сала, за 11 години колку што управуваше со Владата и со Град Скопје ќе го реконструираше овој објект од значење за градот и граѓаните.

Но наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра пари на граѓаните за лажен барок, гипс-картон, споменици и инсталации во коритото на реката Вардар, со што освен што криминално и расипнички ги потроши парите на граѓаните, ја доведе во прашање и безбедноста на Град Скопје и неговите граѓани.

Од ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за Универзална сала и Град Скопје, после сè она што му го направија на градот, по што беа жестоко казнети од граѓаните на последните локални избори. Промената на локалната власт во Скопје значи и враќање на сјајот на Универзалната сала како што заслужуваат граѓаните.

Град Скопје конечно доби отворена, одговорна и услужна градска администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов, којашто работи во интерес на граѓаните и градот и којашто ги решава наталожените проблеми создадени од неодговорното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *