ПОДГОТОВКИ БЕЗ СЕЛЕКТОР

Селекторот на македонската кошаркарска федерација, Јорданчо Давитков, како што известуваат медиумите во Македонија, од засега само нему познати причини ќе и се приклучи на репрезентацијата на ден пред одигрувањето на претквалификацискиот натпревар со Словачка, кој се игра на 25.февруари. Ова е прв пат во историјата на македонската кошарка, селекторот да доцни на подготовките.

Во негово отсуство, тренинзите на овие подготовки ќе ги водат неговите помошници Александар Јончевски и Љупчо Малинков.

Но тоа не е се што се однесува до неорганизираноста на КФМ. Имено, според изјавите на репрезентативците, најголемиот број од нив своето име на списокот на селекторот го прочитале во медиумите, или народски кажано, воопшто не биле известени дека се на списокот на селекторот и дека подготовките почнуваат на 21. февруари.