Средба на Џафери со Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

На средбата, амбасадорот Река на Џафери му ја пренел официјалната честитка за реизборот на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија од страна на Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Република Албанија, како и од други високи функционери на соседната земја.

– Притоа, амбасадорот Река истакна дека, последните избори го потврдија значењето и демократскиот капацитет на граѓаните на Република Северна Македонија. Неговата Екселенција упати и покана до претседателот Џафери да ја посети Република Албанија, соопштија денеска од Собранието.

Заблагодарувајќи му на честитките и на поканата, претседателот на Собранието Џафери истакнал дека односите меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија се на високо ниво, со интензивен политички дијалог на разни нивоа и соработка во значителен број области од заемен интерес.

Џафери нагласил дека соработката ќе продолжи и во текот на овој мандат, со акцент на интензивирање на меѓупарламентарните контакти на сите нивоа и оти, стои во соопштението, наскоро се очекува да се формира Групата за соработка со Парламентот на Република Албанија, со што ќе се продолжи воспоставената блиска соработка со Групата за соработка во албанскиот парламент.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *