ЕК: Очекуваме новата влада во Северна Македонија да ги почитува ЕУ заложбите

Европската Комисија очекува добра соработка со новата влада во Северна Македонија и посветеност кон ЕУ агендата, изјавија деенска од оваа институција.

На новинарско прашање дали Европската Комисија навремено ќе го објави прогрес извештајот за Северна Македонија и дали ќе можат да започнат преговорите за членство во ЕУ, портпаролката на Европската Комисија не беше во можност да даде прецизен одговор засега.

– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада во Северна Македонија и да продолжиме да ја следиме стратегијата за интеграција во ЕУ, ќе продолжиме исто така да работиме со владата во борбата против пандемијата од Ковид-19, изјави заменичката на портпаролката за проширување.

Таа додаде дека Европската Комисија исто така очекува од новата македонска влада посветеност кон остварување на ЕУ реформите, посебно во делот на ЕУ законодавството.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *